Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО)Стајковци и Арачиново гласаат за решавање на децениски проблеми

0
By Нова ТВ on October 15, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 15, 2017 17:06

Жителите на скопско Стајковци, кое спаѓа под општина Гази Баба, денеска гласаат за избор на нов градоначалник, со надеж дека она што го ветиле кандидатите во предизборната кампања ќе го остварат. Некои се оптимисти, други пак се песимисти дека ќе биде подобро.

Што очекуваат граѓаните од новиот градоначалник?

„Очекуваме каналот да ни го направи. Јас имам 55 години и секој градоначалник ни ветува дека ќе биде направен каналот, ама ете до сега не е уреден“, ни изјави жител од ова скопско село.

„Секој пат очекуваме подобро“, вели граѓанин на Стајковци.

„Без пари не се прави ништо, џабе ветувања. Уште една поплава ако не фати и се ќе биде во ред“, иронично ни изјави еден жител на Стајковци.

Додека екипата на НОВА ТВ беше во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ таму дојде и италијанскиот амбасадор во земјава, Карло Ромео, со цел да види како тече гласањето. Набљудувачите и членовите на избирачките одбори рекоа дека дотогаш немало никакви проблеми, ниту нарушување на избирачкиот процес.

Во Арачиново во набљудувачка мисија дојдоа претставници на ОБСЕ за да видат како тече гласањето. Таму се гласа во училиштето „Ѓерѓ Кастриот Скендербег“ каде жителите во голем број излегуваат на гласање и се чекаше и по 15-тина минути за да се оствари гласачкото право. Граѓаните велат дека како и на секои избори, гласаат оти се надеваат дека новата локална власт ќе стори нешто за општината и за подобар живот на Арачиновци.

„Гласањето тече мирно, како на гробишта“, вели жител на Арачиново.

„25 години ние се надеваме и не знам дали уште така ќе продолжи. Се надеваме дека ќе има промени на подобро“.

„Уморни сме од ветувања. Треба уште да се работи“, вели еден Арачиновец.

Во Арачиново има 9366 гласачи во избирачкиот список. Излезноста до 13 часот според податоците на Државната изборна комисија беше 33,97 проценти.

Арачиново гласање градоначалници локални избори 2017 Стајковци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.