Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Теодора од МОФ: 88% од младите се свесни од потребата за постојано учење, тоа често го носи и на ново работно место

0
By Marija Todorovska on January 22, 2024 ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 22, 2024 16:50

Во последната епизода од „Што го врти светот?“ Јована со нејзините соговорници се обидува да најде одговор на прашањето Што сакаат младите? Кога е во прашање кариерниот развој. Податоците за дискусијата соговорниците ги вадат од последната анализа на мислењето на над 2000 млади низ целата територија на државата. Со оглед на тоа што и македонската економија, но и светот останува на младите, добро е што некој, конечно ги прашува што им е потребно. Соговорници на Јована се Теодора Столевска директорка на МОФ и Митко Пиштолов, менаџер за развој на вештини во ИЕСЕЦ. Според наодите, над 70% од младите работат на своето место помалку од 3 години. Што е причината за ова? Теодора, како директорка на најголемата младинска организација има свое мислење.

  • Веројатно една од причините е желбата на младите постојано да учат. Доколку како млад човек стигнеш до одредена позиција во таа компанија, каде ти повеќе не можеш да учиш и да се надградуваш во конкретната компанија веројатно бараш место каде би можел да напредуваш и да научиш нешто ново. Второ, многу често се случува младите да не се наградени соодветно со своите капацитети. Често тие кога ќе дојдат на работа се помалку платени, соодветно на искуството. Но, многу често кога после 1,2 или 3 години младите ќе го стекнат потребното знаење и вештини, платите во компаниите каде работат не го рефлектираат тоа. Затоа тие си бараат работа некаде каде ќе бидат препознаени и нема вечно да бидат најмладиот човек во компанијата. Но, според мене побитен е фактот дека како млад човек, сакаш постојано нешто ново да учиш.

Податоците го поткрепуваат ова тврдење, бидејќи речиси 90% од младите одговориле дека се свесни за потребата од континуирано учење и надоградување. Токму на ова прашање има најголем консензус помеѓу сите испитаници. Митко пиштолов пак, зборува за потребата од кариерно насочување како системско решение. 

  • Кариерното насочување треба да биде дел од образовниот систем. Тоа е процес кој нуди 4 работи: искуство, знаење, вештини и правец (насока), за тоа како да одбереме правилна професија која нас ни одговара. Ако го имаме тоа младите ќе можат да ја изберат правата професија. 

Сепак, Јована и Теодора имаа малку поинакви гледишта за тоа дали е возможно да знаеме однаред која е правата професија за нас. Слушнете повеќе во најновата епизода на „Што го врти светот?“.

 

кариерен равој млади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.