Три лица го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа во која се судрија најмалку 12 возила на различни локации во должина на автопатот во југозападниот дел на американската сојузна држава Арканзас, пренесува Ен-би-си њуз.
Несреќата се случила во источната трака на автопатот во близина на Франедшип на околу 80 километри од Литл Рок, главниот град на Арканзас.
Се почнало со судир на два камиони после што дошло до верижен судир. Локалната полиција соопшти дека сообраќајот се одвивал тешко поради невремето што го зафатило тој регион.