Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Тешки думи денеска во бугарскиот парламент поради Македонија

0
By Соња Крамарска on June 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: Бугарскиот парламент
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првично, седницата на парламентот требаше да биде затворена и да се презентираат строго доверливи документи за да се расветлат „независните дејствија“ на премиерот Петков насочени кон заобиколување на МНР и Рамковниот став, кој беше усвоен едногласно од сите бугарски партии.

Премиерот Петков испрати предлог со кој практично целосно се ревидира Рамковниот став донесен од Народното собрание и Владата, но тој беше одбиен од МНР, објасни шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска на денешната седница на парламентот каде требаше да ги запознае пратениците со „сомнителните“ активности на премиерот Петков во врска со укинувањето на ветото за Македонија.

„На 5 април годинава, советникот за надворешна политика на премиерот го испрати својот предлог- ажурирање на Рамковниот став. Неговата содржина повеќе претпоставува ревизија на бугарската национална позиција“, рече Генчовска.

Таа посочи дека нацртот на овој нов Рамковен став не го вклучува бугарскиот став за „таканаречениот македонски јазик“.

„Барањето европски гаранции за Договорот од 2017 година станува неодржливо. Во пракса, овој проект ги комбинира парцијалните идеи на МНР за имплементација на билатералниот договор, но без јасен механизам за имплементација на договорот. Како МНР одлучив дека не можам да имам никакви забелешки за документ кој е целосно погрешен и кој го отфрливме“, рече министерката во оставка.

Таа нагласи дека додека МНР се обидуваше да преговара и да ги брани позициите, „други оставија впечаток дека Софија е подготвена за отстапки“.

На седницата во парламентот имаше размена на реплики меѓу поранешните коалициски партнери од „Има таков народ“ и „Продолжуваме со промените“. Станислав Балабанов од ИТН изјави дека ќе побараат оставка од претседателот на Народното собрание Никола Минчев поради грубото кршење на законите. Андреј Ѓуров од „Продолжуваме со промените“ рече дека средбата била губење време и не ја постигнала целта бидејќи бугарските граѓани не научиле ништо значајно. Тој повика да се симне тајноста на документите кои требаше да бидат презентирани на денешната седница, но тие не беа ни објавени бидејќи не беше затворена.

Кристијан Вигенин од Бугарската социјалистичка партија ги минимизираше зборовите на Генчовска која тврдеше дека Петков во разговорите со Вархеји ветил дека ќе го укине ветото.

Истовремено премиерот Петков и официјално го изолира МНР од процесот, кој на седница на Советот на министри најави дека сите одлуки ќе одат преку пратениците, извести БГНЕС.

„Министерскиот совет го прифати барањето на Петков сите предлози на француското претседателство во однос на почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ да бидат директно испратени до собраниската Комисија за надворешна политика, со која раководат луѓе блиски до премиерот“, се вели во написот на новинската агенција.

Според Петков, забележува БГНЕС, тоа е направено „со цел да се подобри отчетноста и координацијата со Националното собрание“. Министерката за надворешни работи Генчовска во Собранието призна дека „не била запознаена со овој документ што денеска го достави премиерот“, се додава во написот.

Петков, пак, оцени дека темата Северна Македонија се користи за да се одвлече вниманието на јавноста.

бугарски Парламент вето Кирил Петков Теодора Генчовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.