Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Трамп ја бомбардираше Сирија: Ова е одмазда за Идлиб

0
By Нова ТВ on April 7, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 7, 2017 08:50

Од американските разурнувачи во источниот Медитеран испалени се 50-60 ракети „томахавк“ на позициите на сириската војска, објави Си Ен Ен.

Операцијата ја нареди претседателот Доналд Трамп како одговор за нападот на силите на Башар ал Асад во Идлиб.

Од витален интерес за САД е да се запре ширењето на смртоносното хемиско оружје, порача Трамп.

Ракетниот напад што го изведоа САД е „единствениот“ и се очекува така и да остане, изјави неименуван американски функционер за Ројтерс,  иако САД повикаа на поддршка од светот.

Сириската опсерваторија за човекови права од Лондон објави дека загинале 4 војници.

Рускиот претседател Владимир Путин во првата реакција на американскиот напад на Сирија, рече дека „нападите ги смета за агресија на суверена земја“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Според негови зборови, Путин верува дека нападите се кршење на меѓународното право и дека нападите на Сирија се обид за одвраќање на вниманието од цивилните жртви во Ирак.

Кремљ оцени дека американските напади нанеле огромна штета на руско- американските односи.

Тој уште еднаш го повтори рускиот став дека во Сирија не е користено хемиско оружје.

Американскиот напад врз позиции на сириската војска е резултат на нападот во Идлиб, каде има сомение дека е користено хемиско оружје.

Наредбата Трамп ја издаде од Флорида, каде со него во тоа време биле и државниот секретар Рекс Тилерсон, и неговиот советник за безбедност Х.Р. Макмастер.

Како што пренесува Си Ен Ен, Трамп во текот на нападот бил на вечера со кинескиот претседател Си Џинпинг, додека секретарот за одбрана Џејмс Матиста го информирал за текот на операцијата во СИрија.

Во обраќањето пред новинарите Трамп рече дека наредил ракетни напади на сириската воздухопловна база бидејќи тоа е од „витален интерес за националната безбедност  на САД“ и ги повика сите цивилизирани нации да се придружат на САД во обидите да се стави крај на колежот во Сирија и да се стави точка на тероризмот од секој вид.

-Вечерва го наредив овој воен напад на позиции во Сирија од кои е извршен нападот со хемиско оружје. Нема спор околу тоа дали Сирија користела забрането оружје и ги прекршила обврските кои ги има според Конвенцијата за хемиско вооружување и ги игнорираше апелите на Советот за безбедност на ОН. Годините на обиди да се промени Асад поминаа, и тоа многу драматично, изјави Трамп.

Сириската армија соопшти дека во американските ракетни напади врз база на сириските Воено воздухопловни сили биле убиени шест луѓе и се нанесени огромни материјални штети.

Во соопштението не се прецизира дали жртвите се војници или цивили.

-САД извршија во 3 часот и 42 минути флагрантна агресија врз една од нашите военовоздушни бази во централниот дел од Сирија. Во ракетниот напад загинаа шест луѓе, има ранети и голема материјална штета, се вели во соопштението од Армијата.

Тие тврдат дека американската агресија им штети на сириските воени операции против тероризмот.

Сирија напад Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.