Советничката група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, демонстративно ја напуштија денешната седница на Општина Ѓорче Петров.

„Остануваме доследни на поддршката за притворените уставобранители од настаните од 27-ми април и нема да присуствуваме на следните седници каде што тие ќе бидат исто така искористувани од полза на власта“, рекоа советниците.

Тие ја испеаја македонската химна и ја напуштија седницата.