Пет години од денот кога црвената боја ја вративме таму каде што припаѓа – кај граѓаните, напиша претседателот на СДСМ, Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
„На 17 мај во 2015 рековме „ние доаѓаме“. И дојдовме со срце, го победивме режимот, ја вративме слободата, обединети и одлучни. Денеска живееме во слободна, демократска и праведна држава – членка на НАТО, на сигурен пат кон Европската Унија“, се вели во пораката на лидерот на владеачката партија.
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158648837467932