Премиерот Зоран Заев денеска преку видео обраќање им го честита меѓународниот Ден на демократијата на граѓаните на Македонија, кој годинава во всетот се одбележува под мотото „Демократијата и превенцијата на конфликти“.

-Денес слободно можеме да кажеме дека сите ние, граѓаните на Македонија, заедно успеавме – ја одбранивме демократијата во Македонија. Македонија е слободна. Слободна и демократска земја значи и демократска поделба на власта. Република Македонија го одбра концептот на поделба на власта на законодавна, извршна и судска, кои не смеат да се преклопуваат, што е механизам кој мора да се почитува за да се ограничи државната власт и за да се заштитат човековите права и слободи, рече Заев.

Тој потсети дека Македонија наскоро ја очекуваат локални избори, за кои рече дека же бидат обезбедени услови за фер и демократски избори за сите граѓани на нашава земја директно да ја практикуваат најголемата придобивка на демократијата – да одлучат за себе.