Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИКЕНДОВ ЌЕ ЕЧАТ ЗУРЛИ И ТАПАНИ: Ќе се игра на Галичка свадба

0
By Ivana on July 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 12, 2021 21:08

Откако поради пандемијата со Ковид 19 лани по втор пат беше одложена, годинава од 16-ти до 18-ти јули, ќе се одржи 47-мото издание на културната манифестација Галичка свадба 2021. Оваа година љубовта во Галичник ќе ја крунисаат Филип Бундовски и Катерина Илиевска кои лани беа избрани за зет и невеста. Планирано е Галичката свадба да се одржи  согласно протоколите за заштита и спречување на ширењето на Ковид 19 кои ќе се применуваат за организација на настани на отворено.

– Повторно дојде времето да се постави мостот меѓу минатото, сегашноста и иднината. Создавајќи магија во која времето и не игра којзнае каква улога, да ги оживееме обичаите, да ги исткаеме метафизичките конци протегнати од исконот, да го збуниме разумот заматувајќи ги границите меѓу реалното и надреалното, да ги разбудиме сите сетила. Среќни што годинава можеме тоа да го направиме, среќни што сме овде, што сме здрави, и сеќавајќи се на оние кои ги изгубивме патем во тешката година што измина, и кои и покрај тоа ќе бидат со нас, поканети, присутни. Со особена чест, токму на денешен ден, објавуваме дека под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски  и со помош на нашите пријатели и поддржувачи, од 16-ти до 18-ти јули, ќе се одржи 47мото издание на културната манифестација Галичка свадба 2021! Благодарност за покровителството и за поддршката од спонзорите, напишаа организаторите на својот фејсбук профил.

Одржувањето на оваа манифестација е инспирирана од желбата на жителите на Галичник да ги сочуваат од заборав обичаите карактеристични за мијаците. За православниот празник Петровден се случувало и повеќе десетици двојки да се венчаат во ист ден. Причината за одржување на толку венчавки во кус период е во доаѓањето на мажите од печалба.

Неретко се случувало, мажите да направат свадба и кусо време да ги напуштат своите сакани. Овој период се користел и за свршувачки, по што отпочнувале подготовките за свадба.Инаку, Галичката свадба беше одложена два пати поради пандемијата со Ковид 19.

– Драги наши, И покрај огромната желба и напорите што ги направивме да создадеме услови да ја одржиме традицијата на Галичката свадба макар и на Богородица, сепак, за жал, објективните околности бараат од нас да направиме голем компромис. Традиционалната манифестација Галичка свадба, со придружните забави годинава нема да се одржи. Општото добро за Галичани било секогаш на прво место! Така и годинава, борбата со Ковид 19 бара колективна дисциплина и одговорност, соопштија орагнизаторите во август мината година.

галичка свадба Јули Корона мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.