Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Винербергер“ од Виница 120 свои вработени ги направи акционери

0
By Соња Крамарска on December 30, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 30, 2022 11:42

Вработените во компанијата „Винербергер“ – Виница оваа година добија уникатна
новогодишна честитка. Имено, како што соопштија од компанијата, за постигнатиот успех во текот на 2022 година, на новогодишната прослава 120 вработени добија понуда да станат акционери во компанијата.
Овој гест од страна на компанијата е дел од Програмата за учество на вработените во профитот „Споделување на успехот на компанијата 2022“, чија цел е препознавање на трудот на вработените, зголемување на нивната верност и претворање на вработените во акционерски столб, кој секогаш ќе го има на ум најдоброто за компанијата.

Доделувањето акции на вработените доаѓа како трето наградување оваа година, по годишниот регрес исплатен во вредност на една просечна плата во јуни и по тринаесеттата плата добиена месецов.
„Винербергер“ е компанија која е свесна дека вработените се клучен фактор за нејзиниот успех. Со овој редок начин на наградување на вработените во нашата земја, „Винербергер“ дава одличен пример за тоа како вредните вработени се претвораат во задоволни вработени, а успешната компанија во уште поуспешна, вели Владимир Златковски, директор на „Винербергер“ во Македонија.
„Винербергер АГ“ е најголем производител на тули во светот, лидер на европскиот пазар на глинени ќерамиди и цевни системи и лидер на пазарот на бетонски блокови во Централна и Источна Европа. Групацијата „Винербергер“ има околу 200 производствени погони во 28 земји, кои вработуваат повеќе од 19.000 луѓе, а нејзините акции во моментов котираат на Виенската берза.

„Винербергер“ Акционери Виница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.