Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИП кабините на Жичарницата на Водно, кои никој досега не ги виде

0
By Нова ТВ on November 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 25, 2017 12:14

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот профил на Фејсбук, објави фотографии од ВИП кабини за жицарницата на Водно кои, иако беа најавени никој досега не ги виде.

-Не бил само Мерцедесот…ВИП кабини на жичарницата кои не се за општа употреба, напиша Шилегов, покрај фотографиите.

Се работи за двете како што се нарекуваат елитни кабини, кои беа најавени и во проектот и стојат на страницата со детали за Жичарницата на Водно и се дел од 30 кабини на првата од трите линии што беа планирани да ги има оваа Жичарница.  Од нив 28 за по осум патници се во секојдневна употреба, додека другите две се за по 4 патници, но никој никогаш не ги виде.

Никој досега ниту јавно не зборуваше зошто се овие две елитни кабини, кои наместо класичните пластилни седишта имаат удобни фотељи.  Притоа тука треба да се нагласи дека трасата на оваа прва линија од Средно Водно до Милениумскиот крст е 1.750 метри и се поминува за 4 минути и 18 секунди.

Основниот проект за сите три секции на жичницата  го изработи австриската фирма „Допелмаер“.

Жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот крст  беше пуштена во употреба во јуни 2011 година. Оттогаш иако беше најавувано дека ќе се градат и други две линии – од Институтот за белодробни заболувања кај деца во Kозле до Средно Водно (секција 2) и од црквата „Свети Јован Kрстител“ до Институтот (секција 3),тие никогаш не се реализираа.

Вкуниот проект требаше да чини 6,7 милиони евра и да има вкупно 62 кабини.

ВИП Водно Жичарница кабини Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.