Денеска во просториите на Општина Битола, претставници на Владата, предводени од вицепремиерот Љупчо Николовски ќе одржат средба со локалната самоуправа за да се утврдат штетите од земјотресот.
Заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на владината Комисија за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди, Гоце Георгиевски, денеска во просториите на Општина Битола ќе одржат работен состанок со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски во врска со настанатите штети од земјотресот во Битола.
Советот на Општина Битола веќе достави барање до Владата на РМ за помош по претрпените штети од земјотресот.