Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Визер ќе ги обнови летoвите кон Италија, Германија, Малта и Унгарија

0
By НОВА ТВ Terziova on May 27, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Компанијата ТАВ Македонија, за утре, сабота, 28-ми мај, најавува дека ќе ја заврши рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје и од 17 часот попладнето летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на целото деноноќие.

Градежните работи за рехабилитација на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје почнаа на 28-ми март и оттогаш досега распоредот на летови беше изменет, односно летовите се одвиваа од 17 часот до 9 часот секој ден, а од 9 часот до 17 часот се работеше на пистата.

„Овој голем инвестициски проект завршува по 62 дена градежни работи за обновување на асфалтот на пистата на скопскиот аеродром. Ние во ТАВ сме задоволни и уверени дека успешното завршување на проект од овој вид за првпат по реконструкцијата на пистата во 1996 година ќе обезбеди повисок квалитет на аеродромските услуги.

Би сакале да се заблагодариме на сите засегнати страни и чинители бидејќи навистина ја цениме нивната соработка, поддршка и придонес“, изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје е долга 2.950 метри и широка 45 метри, а овој проект за рехабилитација на пистата е прв по реконструкцијата на пистата на скопскиот аеродром во 1996 година, кога истиот бил целосно затворен за сообраќај во период од 2,5 месеци, а авиосообраќајот бил префрлен на охридскиот аеродром.

ТАВ Македонија ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел да ги видат најновите/евентуалните измени за летовите од/до Меѓународниот Аеродром Скопје.

На веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во категоријата „Летови“ (Пристигнувања/Заминувања) информациите за евентуални промени во редот на летање се ажурираат редовно и во реално време, како што ТАВ Македонија ги добива од авиокомпаниите.

По завршувањето на активностите на аеродромот, добри вести и од најпопуларниот авиопревозник за Македонците во дијаспората.

Wizz Air ќе ги обнови летовите на последните шест линии од скопската база кои останаа во прекин долго време бидејќи скопскиот аеродром врши реконструкција на својата единствена писта.

Нискобуџетниот превозник ќе ги продолжи летовите за Бремен на 30-ти мај, за Будимпешта и Малта на 1-ви јуни, за Ваксјо на 2-ри јуни и за Болоња на 3-ти јуни. Летовите за Торино исто така ќе започнат на 1-ви јуни. Летовите на сите шест линии ќе сообраќаат двапати неделно во текот на летната сезона.

Wizz Air наскоро планира да го зголеми бројот на летовите до Билунд, Турку и Нирнберг двапати неделно, до Берлин, Копенхаген и Фридрихсхафен три пати неделно, до Келн и Гетеборг четири пати неделно, до Малме пет пати неделно и до Базел на 10 пати неделно во наредниот период.

Авиокомпанијата распореди пет авиони во базата во Скопје, од кои три се Ербас А321 со капацитет од 230 седишта, а другите два се Ербас А320 со капацитет од 180 седишта.

Компанијата планира оваа летна сезона да склучи нов договор за субвенции со македонската Влада и да ги врати летовите од Скопје до Хановер, Барселона и Ларнака како и од Милано Малпенса до Охрид. Предвидени се и три нови линии од Скопје, неофицијално се размислува за Прага, Сплит и Марибор.

Визер летови Македонија Малта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.