Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Визијата е МСУ да стане посакувано место за сите возрасти посетители

0
By Нова ТВ on February 2, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 2, 2018 14:42

Во изминативе неколку месеци во Музејот на современа уметност интензивно се работеше на збогатување на содржините неопходни за негово достојно претставување како еден од значајните институции на мапата на репрезентативни центри на современата уметност во регионот и пошироко.

-Визијата за МСУ е тој да стане посакувана дестинација на љубопитниот посетител од секоја возраст и инспирација за креативност. Она кон што стремиме е широк круг на соработници и интер-ресорски пристап. И конечно, музејот да биде важен социјален агент и активен креатор на урбаната култура, изјави за НОВА, Мира Гаќина , ВД директор на Музејот на современа уметност.

Во рамките на изложбените активности, делата од постојаната поставка беа вклучени во изложбата „Македонска разгледница“, „Линеарен Цртеж“ на која беа изложени дела од 56 македонски ликовни уметници, изложбата „Посветено на Дејвид Хокни“ со дела од Поп-арт колекцијата на МСУ, а беа организирани и повеќе други активности како што е истражувачкиот проект „Фоторепортер“ како и изработка и на кратки промотивни видеа за Музејот, а спроведена е аквизиција на дела, со нивно изложбено претставување преку изложбата „Аквизиции и донации“.

Во тек беа подготвителните активности за „Биеналето на млади уметници“ чие отворање најавувано за 28 февруари, како и изложбата на Велимир Жерновски насловена „Преку црнилото“ планирана да се реализира во текот на 2018 година.

Интернационалната програма започна со серија претставувања на изложби на светски реномирани уметници, со концепирање на изложбата „Сè што ни е заедничко“ која ќе се отвори на 18 април а на која меѓу другите, во Скопје ќе видиме дела на светски познатите уметници како Анри Сала, Ахмет Огут, Шејла Камериќ, Флака Халити, Маја Бајевиќ, Марија Пападимитриу итн. Овој проект всушност е зачеток на идејата МСУ во Скопје да биде предводник во регионот кога станува збор за негувањето на квалитетна визуелна култура.

-Тимот во институцијата работеше на создавање услови за соработка со независниот културен сектор чиј интелектуален капацитет, знаење, интерес и креативност придонесуваат за создавање нов вид креативна содржина. Се остварија соработки со повеќе организации од независната културна сцена кои со своја содржина ја збогатија програмата на музејот. Така, во месец септември, во просториите на МСУ се одржуваше книжевниот фестивал „Друга приказна“ во организација на Темплум Скопје. Во соработка со Контрапункт се одржа фестивалот за критичка култура „Крик“ а во соработка со Проектниот простор Прес ту егзит се одржаа реализираа неколку предавања и презентации на реномирани куратори во рамки на ново иницираната дискурзивна програма иницирана од Музејот , вели ВД директорот на музејот, Мира Гаќина.

Дискурзивната програма е тековна и динамична со цел да ја претстави работата на меѓународни уметници, куратори и културни теоретичари кои особено се осврнуваат на различните општествени, културни и политички реалности. Истата се реализира со тенденција да се прошират професионалните врски во меѓународниот контекст преку нови предавања и презентации.

Оваа програма, исто како и резиденциска програма, беше иницирана во претходната година, а во нејзини рамки почнувајќи од месец ноември, со свои презентации веќе се претставија неколку меѓународни гости вклучувајќи ги и проф. д-р Јацек Пурхла, претседател при УНЕСКО за културно наследство и урбани студии,  од Полска, Челзи Петтит, кураторката од Вајсинг центарот од Кембриџ, Англија, Антон Ледерер, основач на Ротор центарот за современа уметност во Грац, Австрија како и Аленка Грегорич, кураторка во Градската уметничка галерија во Љубљана, Словенија.

Во текот на месец март планирано е да се случи и гостување на Сабина Саболовиќ, куратор и член на колективот What, How & for Whom/WHW, како и на останати уметници и куратори кои ќе придонесат со предавања и презентации на со теми релевантни на тековниот културен, политички и социјален контекст.

-Денес тековните ситуации и импулси во уметноста како и комплексните релации на културата со економскиот, политичкиот, географскиот и историскиот контекст, создаваат потреба Музејот на современа уметност да креаира нова работна динамика како и да преземе важна улога во промовирање на серија нови теоретски и емпириски анализи, предавања и публикации. Адресирајќи ги новите предизвици се наметнува потребата од креирање нова платформа и етаблирање на нов работен тим при МСУ. Оттаму Музејот за современа уметност во Скопје во изминатиов период работи на формирање на нови оддел наречен Институт за современа уметност, теорија и култура. Новиот оддел ќе поттикне и образовна дејност со што ќе создаде нова ефективна интеракција на МСУ со универзитети, академски и културни центри. За таа цел, МСУ ќе ангажира соодветен кадар кој има академски квалификации, меѓународно образовно и работно искуство чиј потенцијал ќе поттикне и реализира разновидна програма во согласност со приниципите и потребите на МСУ, изјави Мира Гаќина.

Новина во работата на МСУ е развојот на библиотечната и публикацистичка дејност. Започна со подготовки за реиздавање на списанието „Големото стакло“ како една од важните компоненти за потврдување на отвореноста на институцијата.

Наскоро во рамките на музејот ќе профункционира и кафулето под брендот на Вело кафе, како и дизајн корнерот. Музејот за современа уметност наскоро ќе започне и со организација на настани за помладата популација со цел децата уште од најраната возраст да бидат информирани за современите трендови во уметноста.

 

визија Гачина МСУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.