Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вклучувањето на германскиот пратеник покажува колку е сериозна кризата

0
By Влатко Чаловски on May 5, 2016 ПОЛИТИКА
Јоханес Хајндл
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 5, 2016 13:26

Испраќањето на специјален претставник на германското МНР во Македонија, покажува колку е сериозна политичката криза во земјава, сметаат поранешните дипломатски претставници на земјава, Денко Малески и Блерим Река.

Јоханес Хајндл е пратеникот на кој германскиот шеф на дипломатијата, Валтер Штајнмаер му даде задача, во соработка со САД и ЕУ да работи на решение на кризата овде.

Малески вели помеѓу САД и ЕУ отсекогаш постоела блиска координација за ситуацијата овде, но директното вклучување на Германија со новоназначениот пратеник кажува две работи.

Денко Малески
Денко Малески

– Првата порака која се испраќа со ова е дека кризата е сериозна и е потребна надворешна интервенција, а втората порака е дека САД се уште го смета ова што се случува овде на Балканот, во Македонија, за примарно европска одговорност, оттаму и вклучувањето на Германија, вели Малески.

Професорот Малески смета дека иако за јавноста, кога ќе се спомне ЕУ тоа има поголема тежина, во реалноста е сепак многу важно зад одреден проблем да застане конкретна моќна земја.

– Досега се избегнуваше одговорноста од ЕУ како целина, а сега веќе ситуацијата е посериозна и Германија зема дел од одговорноста. Берлин сега го вложува сопствениот кредибилитет, потенцира екс-министерот.

Поранешниот амбасадор на Македонија во ЕУ, професорот Блерим Река смета дека инволвирањето на Германија  како еден вид одговорен столб на Западен Балкан, покажува дека Берлин не би сакал една микрокриза да го дестабилизира регионот во кој Меркел од 2014 работи на геостратегијата.

Блерим Река
Блерим Река

– Вклучувањето на германскиот пратеник е силен сигнал колку е сериозна работата. Профилот и мандатот на претставникот испратен од германското МНР кажува дека Германија директно влегува во решавањето на кризата овде бидеј/и Берлин не би сакал микрокризата да ја упропасти регионалната стратегија која се гради од 2014, вели професорот Река.

Хајндл, вели екс-амбасадорот, комплементарно ќе дејствува заедно со САД и ЕУ но важно е што Германија како една од најмоќните земји во ЕУ застанува зад проблемот.

Дека работата во Македонија е сериозна, потенцираше вчера и портпаролот на Канцеларијата за надворешни работи на Германија, Мартин Шефер.

„Внатрешната политичка ситуација во Македонија е причина за загриженост во Германската федерална влада. Затоа министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер одлучи да именува личен пратеник за состојбите во Македонија“, изјави меѓу другото Шефер во Берлин.

Амбасадорот Јоханес Хајндл, кој лани беше именуван за амабсадор во Виена и сеуште ја врши оваа функција, засега нема информации дали ќе остане на функцијата или целосно ќе биде ангажиран само во Македонија.

Берлин Германија Малески Река Хајндл
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.