Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: 830 илјади евра исплатени на лица кои не доаѓале на работа

0
By Нова ТВ on August 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 80 до 166 лица кои биле вработени од поранешниот Генерален секретаријат на Владата земале плата, а не доаѓале на работа, соопштија од Владата. Ова, како што се вели во нивното соопштение го покажала внатрешната ревизија на Генералниот секретаријат.

„Исплатата на платата според внатрешната ревизија е направена за неизвршена задача што е во спротивност со Законот за работни односи како и Законот за административните службеници. Во 2016 година за 166 државни службеници кои не доаѓале на работа биле исплатени 50.776.872 денари или речиси 830 илјади евра, со што, за истата сума, е оштетен буџетот на Република Македонија“, пишува во соопштението на Владата.

Од таму велат дека формирана е комисија и отворена е дисциплинска постапка против вработените лица, која, во согласност со Изборниот законик, својата работа ќе ја продолжи по завршувањето на локалните избори.

„Упатуваме на тоа, дека за овие случаи постои можна одговорност и кај работодавачот и кај работниците. По завршување на дисциплинската постапка ќе ја информираме јавноста за понатамошниот тек на постапката“, се вели во соопштението.

Вчера, генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, на својот профил на Фејсбук објави документи во кои се гледа дека вкупно 78 државни службеници иако не доаѓале на работа со години добивале плата.

830 илјади евра Влада на РМ пари плата служебници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.