Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Јана Димитрова ги исполнила критериумите за државна стипендија

0
By Нова ТВ on September 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 6, 2018 15:19

Секој студент којшто ги исполнува строгите критериуми за упис на најдобро рангираните 100 универзитети има право да добие стипендија и не смее да биде дискриминиран, а истото важи и за ќерка на сегашен функционер, се вели во соопштението од Владата, во врска со написите во одредени медиуми дека ќерката на министерот за надворешни работи Никола Димитров, Јана Димитрова, летоска добила 40.000 долари државна стипендија за студирање во Холандија.

-Доделувањето стипендии во 2017 година се одвиваше во законската постапка и врз основа на јасни, прецизни, правно уредени и пропишани критериуми и услови. Секој кандидат кој ги исполнуваше условите за доделување стипендија за студирање на најдобро рангираните 100 универзитети беше стипендиран, без каква било дополнителна селекција или приоретизација. Во конкурсот немаше ограничување на бројот на места, а во 2017 година имаше помалку кандидати од одобрените средства за стипендии. Процедурата беше во согласност со критериумите, сите одлуки за стипендии беа донесени пред распишувањето на изборите, во законски дозволениот рок, се вели во соопштението од владината прес служба. 

-Во случајот со стипендирањето на ќерката на Никола Димитров, не постои никакво отстапување од методологијата спроведена кај сите други кандидати, не постои  ниту нејзино привилигирање, ниту дискриминирање на било кој друг кандидат. Тоа може да се види и од списокот на кандидати и од списокот на лицата кои конкурирале. Јана Димитрова, како и сите други апликанти, за да ја добие стипендијата морала да ги исполни сите строги критериуми наведени во конкурсот и да обезбеди потврда дека е примена на еден универзитет од шангајската листа, во дадена област којашто се стипендира, се истакнува во соопштението. 

Никола Димитров на својот Фејсбук профил изрази згрозеност од вовлекувањето на неговото семејство, со како што вели „очигледни политички мотиви“.

-Пред се’, сакам јавно да и’ се извинам на ќерка ми, за грозните пораки што ги добила и за јавното изложување што го предизвикала единствено затоа што е одговорна и способна. Затоа што успеа да се запише на еден од најдобрите универзитети во светот. Гордост моја! Ударите за мојот политички ангажман упатете ги кон мене.

СИТЕ студенти кои 1) се запишале на еден од првите 100 универзитети рангирани на Шангајската листа 2) во област наведена во повикот, БЕЗ СЕЛЕКЦИЈА, БЕЗ ИСКЛУЧОК, добиле стипендија. Програмата е воведена од претходната влада. Во 2017, немало ниту доволно кандидати. Со други зборови, НИКОЈ не одлучувал дали ќерка ми или некој друг кандидат ќе добие стипендија. Сите кои ги исполниле условите добиле стипендија. Јавно повикувам да се објават имињата на сите студенти кои добиле ваква стипендија во изминатите години, од воведувањето на програмата.

Згрозен сум од вовлекувањето на моето семејство со очигледни политички мотиви во време кога не’ чека историска одлука, напиша Димитров на Фејсбук.

Влада Димитров стипендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.