Заштедите во државната каса веќе започнаа. Веќе се заштедени 10 милиони евра, ги прекинавме кампањите на CNN и BBC ги прекинавме договорите со странските квази советници, изјави денеска во Собранието, премиерот Зоран Заев.

„Но, што да правиме со луѓето кои по десеттина-дваесет дена не се појавиле на работа? Законот вели по три дена ненајавено отсуство престанува работниот однос. Уште еднаш апелирам до луѓето да си доаѓаат на работа“ – рече Заев одговарајќи им на опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

За предлозите за замениците министри Заев рече дека е убеден дека ќе покажат пример како треба да се работи.

Од ВМРО-ДПМНЕ имаа забелешки дека не го намалил бројот на министри, иако ветил. Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека составот на Владата иако е голем, нема добар економски тим според него. Димовски вели дека иако Заев е економист, тој нема да има време да се посвети на економијата.