Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

0
By Marija Todorovska on June 24, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 24, 2025 16:09

Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност, информираше премиерот Христијан Мицкоски по денешната владина седница на заедничка прес-конференција со првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Како што појасни премиерот, Предлог-законот ќе биде доставен до Венецијанската комисија, а потоа ќе влезе во собраниска процедура. Според него, со законот се отвора ново поглавје на професионализам во јавниот сектор како на државно, така и на локално ниво.

 Владата го усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, закон со кој отвораме ново поглавје на професионализам во јавниот сектор на државно и на локално ниво. Овој закон има една јасна цел – администрацијата да биде вистински сервис на сите граѓани, но изградена врз заслуги, знаење, професионалност и интегритет. За разлика од времето кога партиската книшка и етничката припадност беа поважни од дипломата и стручноста, ние поставуваме нов стандард: знаење, интегритет и заслуги, рече Мицкоски.

Стручна администрација не е прашање на етничка припадност, вели премиерот, таа е еднакво важна за секој граѓанин без разлика од која заедница доаѓа. Со законот, тој оцени дека не само што ќе се воспостави баланс, туку и темел на професионална, транспарентна и модерна администрација.

 Имаме обврска, после толку години на злоупотреби, да раскрстиме со минатото, градејќи институции кои не ги поддржуваат послушните, туку ги вреднуваат способните. Јавен сектор каде што млад човек со квалитет може да напредува без да мора да припаѓа на „соодветна група“ или да има „врски во политиката“ … Градиме држава што е праведна кон сите, што ги почитува сите и која напредува само ако напредува и секој еден во неа. Со овој закон, не само што воспоставуваме баланс, туку го поставуваме и темелот на професионална, транспарентна и модерна администрација. Силна и стручна администрација не е прашање на етничка припадност – таа е еднакво важна за секој граѓанин, без разлика од која заедница доаѓа. Кога институциите се праведни и ефикасни, сите граѓани добиваат подобра услуга, поголема сигурност и повеќе доверба во државата. Тоа е темелот на трајна меѓуетничка доверба и вистинска сплотеност, рече Мицкоски.

Тој им честиташе на Влен и на другите претставници на етничките заедници, истакнувајќи дека „ова е многу важен закон за Албанците, но и за сите останати“, бидејќи, како што рече, законот ќе стимулира и ќе дава шанса, запазувајќи го квалитетот.

Законот е гаранција дека етничките заедници ќе бидат соодветно и правично застапени, но истовремено во таков еден процес тој ги штити квалитетните од сите етнички заедници. Овој закон е одличен баланс и поттик за квалитетните и ги штити правата на сите. Им честитам на Влен и на другите претставници на етничките заедници – ова е многу важен закон за Албанците, но и за сите останати, затоа што е закон кој ќе стимулира и ќе дава шанса, истовремено запазувајќи го квалитетот, рече Мицкоски.

На новинарско прашање поврзано со тоа дали согласно законот при конкурирање за работа во јавниот сектор, граѓаните ќе треба да приложат документи за нивната етничка припадност, Мицкоски појасни дека секој ќе мора да приложи документ за идентификација.

Вицепремиерот Меџити, пак, нагласи дека овој Предлог закон претставува историски момент, бидејќи, како што рече, првпат правичната и соодветната застапеност, како уставна категорија од 2001 година, добива јасно и целосно законско решение. Тој оцени дека „овој иако задоцнет, но неопходен чекор“ ќе го отстрани влијанието на дневната политика, бидејќи, според него, ова претставува доказ дека кога им политичка волја има и резултат.

Овој Предлог закон претставува историски момент, бидејќи за првпат правичната и соодветната застапеност како уставна категорија од 2001 година добива јасно и целосно законско решение. Иако ова прашање требаше да биде регулирано со закон уште во 2003 година, со децении остана заложник на политичката волја. Предлог законот гарантира еднаква пристапност во вработување во јавната администрација, правична и соодветна застапеност на сите заедници во јавните институции, но обезбедување вработувањата и унапредувањата да се вршат врз основа на заслуги и квалификации на секој поединец. Овој иако задоцнет, но неопходен чекор го отстранува влијанието на дневната политика. Усвојувањето на овој Предлог закон е доказ дека кога има политичка волја има и резултат. Со оваа одлука Владата дава сигнал за изградба на јавна администрација пофункционална, поправедна и позастапена, рече Меџити.

Влада Изет Меџити Мицкоски Предлог закон за соодветна и правична застапеност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.