Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ќе го поништи тендерот за гасификација

0
By Нова ТВ on July 13, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 13, 2017 09:50

Владата ќе го поништи тендерот за гасификација на Македонија. Од таму велат дека е пристигната само една понуда и согласно законот, постапката ќе биде поништена. За да може да продолжи процесот на гасификација поради оставка на претходниот претседател на Комисијата за тендерски постапки, како привремено решение на таа функција е назначен Љупчо Петкуќески, кој е советник на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

„Именувањето е времено решение со единствена работна задача да се финализира тендерската постапка. Владата на Република Македонија, на вчерашната седница ја разгледа и усвои информација за тендерската постапка за доделување договори за јавно приватно партнерство за финансирање, оддржување и развивање на дистрибутивен систем на природен гас во региони 1, 2, 3.“ – соопштија од владата.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од Трст порача дека Владата посветено ќе работи на гасифицирање на Македонија.

„Ќе работиме на создавање на бизнис-амбиент за здрави и успешни компании, а не да се создаваат политички компании од страна на власта. Изградбата на инфраструктурата ќе ни биде приоритет, ќе работиме на изградба на патна инфраструктура и на гасификација на земјава, а токму преку инфраструктурата ќе докажеме дека сме силно посветени на регионално поврзување.“ – изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања

Гасификацијата на земјава се најавува неколку години наназад. Неколку пати по ред пропаѓаа тендерите за гасификација во скопскиот и во останатите региони на земајава. Во фаза на евалуација беше запрен и петтиот тендер за гасификација на скопскиот регион заради тоа што избраната фирма бараше пролонгирање на терминот. Заради понуда од една фирма пропадна и тендерот за изградба на дистрибутивна мрежа во 63 општини од Источна, централна и западна Македонија.

За гасификацијата за централна и источна Македонија беше предвидено да се потрошат околу 28 милиони евра, а за западниот дел на земјва заедно со Пелагонија 23 милиони евра. Дистрибутивната мрежа требаше да биде градена со Јавно – приватно партнерство.

Гасификација Кочо Анѓушев тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.