Бугарската Влада, која моментно претседава со ЕУ, денеска го преживеа изјаснувањето во Парламентот за гласањето недоверба.
Опозициските социјалисти побарале гласање недоверба за Кабинетот на премиерот Бојко Борисов, поради, како што наведоа, недостигот на напредок во борбата против корупцијата.
Од 240 пратеници за недоверба гласале 103, додека 131 пратеник биле против.
Според Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнел во 2016 година, објавува Ројтерс, Бугарија е најкорумпираната земја членка на ЕУ.