Published: Friday, September 2, 2016 20:34
Владата на Узбекистан ја потврди смртта на претседателот Ислам Каримов, шест дена по неговиот престој во болница поради мозочен удар, објави Би-Би-Си.
Каримов, кој е еден од најпознатите авторитарни лидери во Азија , почина на 78 годишна возраст, по 27 години на власт. Погребот ќе се одржи во сабота во неговиот роден град Самарканд, а ќе биде прогласена и тридневна жалост.
Минатата недела тој беше пренесен во болница откако претрпе мозочен удар, но неговото здравје се чуваше како државна тајна.
Засега нема информација кој би застанал на чело на државата, бидејќи опозицијата се смета за нелегална во оваа земја а медиумите имаат многу мал пристап до информaции бидејќи се контролирани од државата.




