Владата врши консултации за најновата изјава на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји дека во наредните денови може да се одржи меѓувладина конференција на ЕУ со Северна Македонија и Албанија, гласи одговорот што пред малку го добивме во „Илинденска“.

Вархеји денес како што јави дописничката на МИА од Брисел изјавил дека веќе нема пречки Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ бидејќи Бугарија го прифатила решението, а Македонија и Албанија испорачале се што се барало од нив.

„Многу напори се направени за да се надмине спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сега е време сите чинители да го направат последните чекор. Имам големи надежи дека меѓувладината конференција со Албанија и Северна Македонија може да се одржи за неколку дена. Овие земји испорачаа сѐ е што е побарано од нив. Тие се подготвени, треба и ние да бидеме. Имаме решение на маса кое е одобрено од бугарскиот парламент. Сите пречки се надминати, ЕУ треба да напредува“, изјави Вархеји. (Р.Н.)