Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владина делегација во посета на семејството Зулбеари во Тетово

0
By Нова ТВ on January 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владина делегација денеска го посети опожарениот дом на семејството Зулбеари во Тетово и изрази длабоко сочувство за трагедијата во која животот го загубија мајката Фатиме и четири малолетни деца.

Во владината делегација беа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Мила Цароска како и министерот задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор Хазби Лика, а беа придружувани од градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи со нејзините соработници.

Министерот Спасовски, рече дека посетата е да изразат сочувство во име на претседателот Заев и во име на членовите на Владата на Република Македонија.

– Ова е една голема трагедија што се случи во Тетово, која нè потресе сите нас, трагедијата е најголема за семејството, за граѓаните на Тетово и за Република Македонија. Ова треба да биде поука за сите нас заеднички да се вклучиме во подобрувањето на условите за живот во Република Македонија сè со цел да да се оневозможат вакви трагедии во иднина. Денеска ја врачивме помошта, која е симболична од страна на Владата, донесовме одлука за помош на семејството во вредност од 300.000 денари и заедно со тоа што го донираше градоначалничката Теута Арифи да им се најде на семејството и да можат да продолжат со животот – изјави министерот Спасовски.

Во однос на тоа дали се знаат причините за пожарот, Спасовски одговори дека увидот од страна на СВР Тетово е завршен додека постапката за вештачење е во тек.

– Кога ќе завршат вештачењата тогаш ќе ги утврдиме и причините. Според првичните информации можно е пожарот да избил од неисправна и застарена инсталација или од некое грејно тело – посочи министерот Спасовски.

Влада Зулбеари пожар Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.