Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владиниот судир со ЕЕЗ околу Макпетрол скапо би ги чинел граѓаните

0
By Нова ТВ on August 19, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 19, 2016 12:26

Евентуалниот посериозен судир меѓу Владата и Европската енергетска заедница околу Макпетрол би значел санкции од Европската унија кон Македонија и би предизвикал последици кои би ги почувствувале сите граѓани, сметаат експертите, пишува А1он.

Владата и ЕЕЗ во последните години имаа серија конфронтации околу енергетските политики, главно околу либерализацијата на пазарот за електрична енергија.

Во последните недели, актуелно беше писмото од ЕЕЗ со кое се бараат одговорина отворените прашања околу обидот за непријателско преземање на Макпетрол, на кое македонските државни институции и нaтаму не одговараат. Ваквиот однос на властите кон оваа важна европска организација, чија членка е Македонија, според експертите, може да резултира со сериозни санкции кон земјава.

ЕЕЗ веќе спроведе мерки против други земји од регионот,  кои одбиваа да ги спроведат преземените обврски кон организацијата и да ги усогласат енергетските политики кон европските. Последен пример е Србија, каде ЕЕЗ деновиве се заканува со санкции поради тоа што го одложува одвојувањето на преносниот систем од дистрибуцијата на гас во земјата. Според првиот човек на ЕЕЗ Јанез Копач, земјата поради ова од октомври годинава би можела да ги изгуби средствата од ИПА фондовите наменети за енергетиката.

Претходно, санкции од ЕЕЗ имаше и кон Босна и Херцеговина, на која и беа запрени милиони евра помош од ЕУ за енергетскиот сектор. Иако во моментов претседава со Енергетската заедница, БиХ поради прекршувањата на обврските и натаму нема пристап до европските енергетски фондови.

Дали и на Македонија и се заканува слично сценарио поради „тивкиот“ конфликт со ЕЕЗ околу Макпетрол? 

Пред повеќе од еден месец, Секретаријатот на Европската енергетска заедница испрати писмо до Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика и Комисијата за заштита на конкуренцијата, во кое бара од македонските институции одговори на повеќе прашања околу обидот за преземање на Макпетрол.

Во писмото, ЕЕЗ наведе дека Макпетрол заедно со државата е сопственик на компанијата ГА-МА, која управува со гасоводната мрежа во земјава, па затоа е важно да се знае кои се луѓето што би ја презеле македонската гасоводна мрежа. Евентуалното преземање, според ЕЕЗ, може да го наруши стабилното снабдување на земјата со нафтени деривати, па затоа институциите треба да ја истражат сопственичката структура на „Балкан Петролеум“, како и на кипарската „Даволиа“ и фирмите од Британските девствени Острови, „Далиа“ и „Воландес“, од кои потекнува анонимната офшор-фирма основана пред неполни два месеца со капитал од само 1000 фунти.

Властите засега ги игнорираат прашањата од ЕЕЗ, што ги засилува стравувањата дека се подготвува нов владин судир со Енергетската заедница, кој би ги чинел граѓаните милиони евра поддршка за енергетиката од Европската унија.

 

 

 

Макпетрол преземање на Макпетрол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.