Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта контра опозиција: Кој колку (не)направил за намалување на загадувањето

0
By Нова ТВ on January 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 27, 2020 15:01

Со меѓусебни обвинувања кој колку направил или не направил, кој искрено работи, а кој само настапува со декларативни заложби, почна денешната собраниска расправа по Информацијата за енормното загадување на воздухот поднесена од пратениците на опозицијата. Пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Владата на СДСМ во трите години мандат не направила ништо на полето на борба против загадувањето, иако, како што рече кога биле во опозиција најавувале многу мерки, како проширување на топлификациската мрежа, гасификација, електрични автобуси, трамвај, итн.

Спротивно на најавите, рече Данев, не е донесена ниту една вистинска мерка за намалување на загадувањето, многу малку средства се издвојуваат за таа намена, што, како што рече, е резултат на институционална неспособност и волја да се направи нешто.

„Затоа ги намаливте давачките за увоз на петрол кокс и дозволивте употреба во индустриски објекти, кој се гори не само во Макстил и во Цементарница, туку и во фабрики за производство на тули“, рече Данев додавајќи дека тоа е една од причините за загадувањето во Струмица.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули возврати дека Владата за првпат во изминатите години има план за справување со загадувањето. Во тој план, додаде тој, има мерки кои се спроведуваат за првпат во земјава, како и заклучоци што заедно ги донеле сите парламентарни партии.

„Првпат има план за справување со аерозагадувањето. Првпат тој е дел од Буџет и првпат е стратешки приоритет на Владата“, рече Макрадули.

Тој истакна дека бројките покажуваат намалување на загадување и најмал број загадени денови, на што реагираат пратениците од опозицијата со забелешка дека не може да им верува или не на бројките од инструментите кои го мерат загадувањето во зависност од тоа дали им одговара или не.

Фото: moepp.gov.mk

„Во Република Северна Македонија е загадено, но има драстично намалување. Овој план кој за првпат се справува со извори на загадување и тоа е клучно, да има што помалку извори кои емитираат ПМ честички во воздухот. Тој план кој првпат се бори со изворите не е само еколошки, туку носи и економски бенефит“, рече Макрадули.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање вели дека поради тоа што овој план дава резултати, опозицијата треба да се придружи за заедно да се работи на неговото исполнување. Ќе ви се придружиме, додаде Данев, тогаш кога ќе се извините за манипулациите со граѓаните додека бевте во опозиција и го посочувавте ВМРО-ДПМНЕ како главен виновник за загадувањето.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, реплицирајќи му на Макрадули, рече дека бил добар пратеник кога бил во опозиција, но и оти како власт останал во опозиција. Ништо не направивте, рече Димовски, а имавте три години да направите нешто конкретно и побара како Министерство да го достават списокот на увозници на петрол кокс до пратениците, за да се види кои се компаниите кои го користат и чии бизнис интереси се штитат.

Во претпладневниот дел од седницата на Макрадули му реплицираа повеќе пратеници од опозицијата. Обвинија дека власта не работи на решавање на овој проблем, оти манипулирала додека била во опозиција, а сега од мерки, како што посочија, само побарала „граѓаните да не отвораат прозорци и да користат јавен превоз“. Повеќе пари давате за лубриканти и коцкарски апарати, посочија пратениците од опозицијата, отколку за заштита на животната средина и намаување на загадувањето.

аерозагадување власт Македонија опозиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.