Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта ја укина техничката влада, за последен пат ќе се формира пред следните избори

0
By Zoran Ivanov on April 29, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 29, 2026 21:47

Собранието попладнево го донесе Законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кој по одржувањето на следните парламентарни избори ќе се укине техничката (преодната) влада. Т.н. пржинска влада беше воведена како ад хок решение за изборите во 2016 година и како механизам што ќе гарантира фер и демократски избори, со вклучување дополнителни министри предложени од опозицијата во 100-те дена пред одржување на изборите.

Од 81 присутен пратеник на 98. седница, 70 гласаа „за“, 11 беа против и немаше воздржани. Според пратениците од владејачкото мнозинство, техничката влада е надминато решение, а опозициските сметаат дека ќе нема услови за демократски избори ако таа се укине.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) деновиве гласно се спротивстави на едностраното укинување на т.н. „пржинска“ влада, договорена меѓу сите партии во 2016 година како механизам за спречување изборни злоупотреби од страна на власта.

– Да престанеме да ја третираме македонската демократија како пациент на апарати и да покажеме дека може и функционира демократски. Законот го носиме заради институционална стабилност во иднина, да не останеме во пржинскиот лавиринт. Техничката влада беше ад хок решение за излез од кризата во 2015. По 11 години мора да покажеме дека сме способни за фер избори, без вештачки пржински модели, рече Никола Мицевски, коориднатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Ги праша пратениците од СДСМ зошто им е потребен заштитен механизам ако се сигурни во победата на следните избори, кога последен пат ќе важи техничката влада.

Мицевски рече дека во првата пржинска влада во 2016 немало деформитети, но тие се појавиле, рече, во следните технички влади „кога имаше надгласување на министри што носеа одлуки во нивните ресори“. Најголем деформитет, како што рече, е кога СДСМ разрешил министер предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие моменти некој ги памти. Тогаш техничката влада почна да ги покажува своите анималии. Сите вие во неформални разговори кажувавте дека треба ден порано техничката влада да се укине затоа што е непродуктивна, изјави Мицевски, додавакјќи дека и во 2021 и во 2023 година, кога биле опозиција, барале укинување на техничката влада односно дека се конзистентни во ставовите.

И пратениците на нивниот коалициски партнер Вреди во текот на седницата се изјаснија за укинување на техничката влада. Аднан Азизи ја нарече „остаток од лошо минато“.

-Техничката влада е од времето на висока поларизација и ниска доверба дека владата може да организира фер и демократски избори. Тоа беше поради штетните политики на ДУИ со Груевски и Мијалков, кои ја уништија довербата во институциите и ова беше излезно решение. Но, тоа помина. Сега сме членка на НАТО и сме во релативно демокартска клима. Последните избори беа најдобри во историјата и според сите меѓународни фактори, и не постои ниту еден аргумент техничката влада да продолжи, рече Азизи.

Јованка Тренчевска од СДСМ во излагањето кажа дека техничката влада била предложена само за изборите во 2016 година, а во 2018 година, рече, на барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, тогаш во опозиција, преку консултации било договорено да се направи предлог-закон со кој техничката (преодната) влада ќе важи сè до влегување на Република Македонија во Европската Унија.

Според неа, власта предлага укинување на техничката влада по скратена постапка, „арогантно и без консултација со опозицијата, само со два информативни состанока“.

Техничката влада е механизам кој може да обезбеди минимални услови за фер и демократски избори — тоа не е привилегија на опозицијата, туку законска обврска до создавање услови. Таа требаше да биде мост од заробена држава до демокартска држава. Вие го срушивте тој мост пред да преминеме од другата страна на мостот, пред да станеме демократска држава. Денес имаме заробена држава, судство и медиуми под контрола на власта, полиција во служба на власта и во вакви услови техничката влада не смее да биде укината, рече Тренчевска и побара предлогот да се повлече и да се почне со „широк процес на консултации за решение со консезнус од сите четири големи партии“.

Нејзе ѝ реплицираше министерот за јавна администрација Горан Минчев од владејачката ЗНАМ, според кого, крајна цел на СДСМ е да не учествува на следните парламентарни избори.

-Овој закон е првиот дел од вашето сценарио. Не е точно дека се укинува, останува во сила само за следните парлементарни избори. Значи, вие не сте убедени во победата на вашите политички партии. Напротив, вие го рушите во континуитет мостот кој е воспоставен, рече Минчев.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски посочи дека постојниот закон е формат договорен во Пржино и е единствено законско решение во кое, рече, стои дека е договор помеѓу четирите најголеми партии во Собранието, што не постои во ниеден друг закон.

-Едностарно укинување, без да се почитуваат принципите на кои бил усвоен, не е реформа ниту напредок на општеството во овој момент. Ние ќе гласаме против ова законско решение затоа што се што е усогласено со волја и политички деклариции на четирите партии од законодавниот дом, по истиот пат треба да се оди и за негова промена, сите да бидеме согласни. Ако не биде така, тогаш отсуствува политички дијалог и ако се избегнува дебата за вакви клучни прашања во Собранието, тогаш не можеме да глумиме во работата за Изборниот законик, рече Спасовски.

Моника Зајкова од ЛДП, пак, рече дека наместо да се плаќаат вонредни трошоци за дополнителни министри во техничката влада, за кои, рече, цената ја плаќа народот, треба да се воведе електронско гласање.

-Тоа е вистинскиот пат кон напредокот. Не сме тука за решенија на друга партија, туку во интерес на граѓаните. Јавноста гледа парада на дополнителни министри, заменици и функционери кои 100 дена се занимаваат со реваншизам, со смени на професионалци и со меѓусебни препукувања за дневнополитички поени, рече Зајкова.

Извор: Слободен печат.мк

Влада Собрание техничка укина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.