Пратениците досега расправаа за десет амандмани од вкупно 200 поднесени од опозицијата . Амандманската расправата ќе трее уште два дена а потоа текстот ќе  се достави до Владата која треба да ги вгради амандманите кои што ќе бидат прифатени.

Со дел од амандманите , опозицијата бараше една милијарда денари да се одвојат за субвeнции за фотонапонски панели за домаќинства за производство на струја како и зголемување на субвенциите за вградување на плински уреди во автомобилите.

Овие амандмани ги одби Министерот за финансии Фатмир Бесими, со образложение дека и во владината програма за зелен развој, но и во одредени мнистерства се предвидени пари за вакви субенции.

– Пред да имаме изгласан буџет не може да почне ниту една програма затоа што немаме документи врз основа на што ќе се подготват програмите, рече Бесими.

Пратениците од ВМРО- ДПМНЕ побараа увид во програмата зелен развој со цел да имале увид во планираните пари за ваков вид субвенции.

„Малку е неблагодарно ние вака да чекаме што ќе биде во таа програма зелен развој. Кажете ни точен назив на програмата, точни суми и за што, бидејќи овие амандмани се дадени врз основа на тоа што нема увид во буџетот што значи зелен развој“, изјави Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка од ВМРО- ДПМНЕ.

Очекувањата се Буџетот да биде изгласан до 10 декември.