Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта со ултиматум до Јанева: Ако не се извини,не разгледуваме барања

0
By Нова ТВ on September 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да се извини и да ја повлече  изјавата дека Собрание е нелегитимно, да се врати на комисиска расправа и да достави целосен финансиски извештај за своето работење.

Ова од обвинителката го побара  координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, откако Јанева по неколкудневниот притисок од владејачкото мнозинство одлучи повеќе да не се појавува на комисиска расправа за Извештајот на СЈО во Собранието.

Според Димовски, Јанева е должна да поднесува извештаи, да присуствува и да ги образложува пред Собранието на Република Македонија .

-Доколку СЈО и госпоѓата Катица Јанева не постапат во согласност со Уставот и законите, сакаме да потенцираме дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија воопшто нема да прифати разгледување на било какво барање и предлог од страна на СЈО, рече Димовски.

На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ се спремни да ги прифатат барањата на Јанева доколку обвинителката се извини, Димовски вели дека дел од барањата на СЈО се неуставни и надвор од она што е договорено при формирањето на Обвинителството.

Јанева досега во неколку наврати апелираше Собранието да прифати измени во Законот за заштита на сведоци и Законот за приватност,  да се почитуваат препораките на Венецијанската комисија и да се продолжи мандатот на СЈО

Шестмесечниот извештај на Јанева четири дена беше на дневен ред во Комисијата за политички систем. По матаронските говори на пратениците од власта пропратени со навреди и дискредитации за обвинителката, Јанева демонстративно ја напушти седницата нарекувајќи ја класичен мобинг и соопшти дека ќе се појави само на пленарна седница.

Според координаторот на пратеничката група н СДСМ Горан Сугарески, целта на власта билада го заштити од пратенички прашања државниот обвинител Марко Зврлевски чиј Извештај е втра точка на девен ред во Комисијата.

-ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Извештајот на Зврлевски да дојде ниту на Комисија ниту на пленарна седница. Ако го гледаме редот на нештата и како се организирани јавните обвинителства во Република Македонија, по секоја логика требаше Извештајот на Марко Зврлевски да биде на прва точка, а втор да биде Извештајот на СЈО. И без претставник извештаи може да се гледаат во Собранието, меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ Деловникот го толкува поинаку. Мој став е да не очекувате пленарна седница, затоа што ова е алиби за никогаш да не се дојде до пленарна седница, рече Сугарески.

Извештаот на Јанева останува на дневен ред во Комисијата. Претседателот Владимир Ѓорчев  денеска седницата ја затвори за 5 минути, поради, како што рече деловните пречки таа да се одржи, односно поради отсуството на Јанева. Најави продолжение на седницата утре, иако обвинителката Јанева децидно рече дека повеќе нема да се појавува.

ВМРО-ДПМНЕ Извештај на СЈО Јанева комисиска расправа Марко Зврлевски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.