Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта за избори ќе не труе со пропаганда во рекордна минутажа

0
By Нова ТВ on July 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 24, 2016 11:51

Постојано се зборува за пропаганда, за платени реклами на власта, за платени реклами на владата, но, сега, откако се договорија изборите, едно е јасно – просторот и останува на најбогатата политичка партија. Иако измените во изборниот законик не се нови, малкумина се осврнаа на огромниот (озаконет) простор за рекламирање којшто, според начинот на кој е уреден, дефинитивно ја става во предност владејачката ВМРО ДПМНЕ. 

Измените во Изборниот законик со кои се предвидува осум минути на реален час платено политичко рекламирање на власта и опозицијата и по само една минута за оние кои немаат пратеничка група или се надвор од Собранието се дискриминаторски и водат кон еднопартиски систем, смета претседателот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов.

Според него, со ваквите измени и на следните избори ќе гледаме непрекината пропаганда која ги фаворизира само големите партии.

-Со овој модел ние практично во старт немаме  рамноправна положба со сите партии. Што има врска за која и каква партија станува збор, треба да се гледа на сите исто. Вака се фаворизираат исти партии. Ние дури и без избори имаме секојдневно во информативниот дел пренесување на ставови само на ВМО-ДПМНЕ и СДСМ, а за помалите партии многу малку или речиси воопшто. Значи ние постојано имаме еднопартиски систем, што води до тоа да немаме плурализам ниту во Собранието. Се прави селекција во старт, вели Трајанов за НОВА.

Павле Трајанов - претседател на Демократскиот Сојуз
Павле Трајанов – претседател на Демократскиот Сојуз

Со измените во минутажата за рекламирањето усогласени во  Пржинските преговори, за време на изборната кампања, во првиот и во вториот круг на гласање, радиодифузерите што ги покриваат изборите ќе може да емитуваат вкупно 18 минути платено политичко рекламирање.  Од нив по осум минути добиваат големите партии во власта и опозицијата, а  само по една минутa помалите партии во и надвор од Собранието.

-Доколку постои интерес за спојување на блоковите на една политичка партија во два последователни реални часа, медиумот е должен да обезбеди гаранција дека спојувањето блокови по два последователни часа двапати по ред нема да биде oд иста политичка партија и ќе обезбеди гаранција за наизменична застапеност на политичките партии од власта и од опозицијата.

Но, доколку една од партиите не е во можност да го плати рекламниот простор, тогаш друга партија од категоријата во која спаѓа таа која не може, ќе има можност да си добие дополнителна минутажа.

-Осум минути по реален час за нас ќе биде тешко и од економски аспект, затоа ќе мора паметно и ефикасно да се организираме за изборите.  Доколку не успееме да платиме политичко рекламирање во дадениот час, тогаш минутажата може да си ја откупи ВМРО-ДПМНЕ и со тоа да добие блок од 16 минути кон крајот на едниот час и почетокот на друг. Понатаму останува на медиумот сам да оцени колку ќе реши гледачите да ги „труе“ со непрекината политичка пропаганда, вели потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски за НОВА.

Прашан зошто СДСМ како еден од учесниците во Пржинскиот договор се согласи на вакви измени, Манчевски вели дека тоа било единствена опција за некако да се обезбеди загарантирано медиумско рекламирање за сите партии.

-Нашите предлози беа драстично намалување на минутажата, бидејќи сето ова ги оптоварува граѓаните. За жал, ваквиот модел на инсистирање на ДПМНЕ беше единствената опција да бидеме и ние застапени во медиумите, бидејќи досега и кога баравме и сакавме да бидеме рекламирани, медиумите контролирани од власта воопшто не сакаа да отстапат простор со оправдувања дека веќе се е зафатено, вели Манчевски.

Дамјан Манчевски - потпретседател на СДСМ
Дамјан Манчевски – потпретседател на СДСМ

Тој се согласува дека ваквото решение е дискриминаторско во однос на помалите партии и вели дека доколку СДСМ ја добие власта, Изборниот законик повторно ќе доживее промена.

Од денот на распишувањето на избори, па до нивното завршување, радиодифузерите, печатените и електронски медиуми не смеат да објавуваат реклами финансирани од буџетот на Република Македонија и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања. Медиумите се должни ценовниците за рекламирање да ги достават до Државната изборна Комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување корупција во рок од пет дена од денот на распишување на изборите, а ценовниците не смеат да се менуваат во текот на изборната кампања.

 

пропаганда реклами
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.