НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО 1903: „Слобода или смрт!“ ВМРО 2016: „Еврообврзница или смрт

0
By Нова ТВ on July 19, 2016 ЕКОНОМИЈА
Лево е илустрација од повик за купување на обврзници во САД во текот на втората светска војна до граѓаните, со цел државата да има пари да ја финансира војната, десно е претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски пред зградата на македонското министерство за финансии
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Владимир Петрески

Владата на Република Македонија денеска експресно се врати на меѓународните пазари на капитал со цел да се задолжи со износ до 650 милиони евра, јавува „Ројтерс“, откако во четвртокот понудата на новата еврообврзница (хартија од вредност која служи како доказ за задолжувањето и која ја покажува висината на позајмените пари) беше прекината заради писмото упатено од страна на СДСМ до банките консултанти, најмени од Владата, во кое беше оспорено правото на власта самостојно да одлучува за ваквото задолжување без консултација на опозицијата. Во ова писмо опозицијата се повика на новите законски одредби произлезени од Договорот од Пржино, но власта сметаше дека тие важат само во период пред избори, односно во период кога веќе се закажани изборите што сега не е случај. Дека власта немаше да се откаже од задолжувањето беше јасно уште веднаш, а потенцијалните купувачи на еврообврзницата (финансиерите, кредиторите) беа, исто така, согласни дека станува збор за одложување.

  • Станува збор за чисто политичко прашање и тие ќе се вратат на пазарот (на задолжување) наскоро – изјави во петокотЈетроСиекинен, банкар кој управува со 1,7 милијарди долари, кои му се дадени за оплодување и кои се вложуваат во долгови во земјите во развој(како Македонија), а работи во инвестициската компанијаAktia Asset Management Ltd од Хелсинки за финансиската агенција „Блумберг“ и кој имаше дадено понуда за купување на македонските еврообврзници.

Слична изјава даде и неговиот конкурент ЛуцРоемајер од Landesbank Berlin Investment од Берлин, кој пак, управува со 12 милијарди долари, пари на своите инвеститори, исто за „Блумберг“.

  • Мислам дека ќе го решат прашањето и ќе се вратат назад – истакна тој, додавајќи дека веќе дадените понуди на кредиторите ќе останат да важат како „меки понуди“ (значи необврзувачки понуди) и истакнувајќи дека македонската делегација ќе ги повика инвеститорите кога ќе се решат правните прашања што ги покрена СДСМ во своето писмо.

Во меѓународните банкарските кругови, сепак, имаше малку чудење како тоа 4-те големи светски банки, што ја консултираат македонската Влада: „Сити Бенк“ (најголема банка на светот), „Дојче Банк“ (седма најголема банка на светот), „Ерсте Банк“ (најголема банка во Австрија) и „СосиетеЖенерал“ (една од трите најголеми банки во Франција) не го забележале можниот правен проблем, особено што при издавањето на ланската еврообврзница од пред само 8 месеци беше потребен и потпис од тогашниот дополнителен заменик министер во Министерството за финансии за таа да може да се издаде.

  • Ова е малку срамота, ама добро – тоа е тоа кога станува збор за земјите во развој – рече во петокот неименуван банкар за „Ројтерс“, а друг додаде дека „адвокатите можеа да дадат свои мислења, ама ова(писмото од СДСМ)сигурно ги фатило неспремни и било доволно сериозно за зделката да се одложи.“

Ваквите мислења на банкарите и фактот што дури и најголемите банки на светот, на кои аранжирањето на ваквите зделки им е значителен дел од работата („Дојче“, на пример, дури 28 отсто од приходите ги заработува од работа со обврзници од сите видови низ цел свет) можат да се лизнат на нашите глупости, пржински договори, политички кризи и слично, кои се тешки за отплеткување дури и за скапо платените правници во најголемите светски банки.

Она што е зачудувачки тоа е колку брзо власта се врати на пазарите на капитал со обновена понуда, сакајќи да покаже дека писмото на опозицијата е без основа и сигурно терајќи ги правниците во четирите банки консултанти да работат и преку викенд за да ги подготват сите неопходни правни мислења, кои би овозможиле задолжувањето да продолжи што побрзо.

Сепак, ова одложување на задолжувањето со нови 650 милиониевра не помина лесно и безболно за власта. Владата во петокот мораше набрзина до Собранието да поднесе измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои беа дадени на усвојување по итна постапка, а со кои се одложи најавеното зголемување на пензиите за дополнителни 5 отсто. Со ова, наместо пензионерите да добијат поголеми пензии од 1 септември годинава, првиот чек со повисоките пензии ќе им стигне на 1 декември. Причината за ваквиот чекор многу лесно може да се однесува на одложувањето на новото задолжување, со кое ќе се обезбедеа свежи пари за пензиитеи опасноста тоа да биде одложено на неколку месеци. Но, со оглед на тоа што власта повторно е на пазарот на задолжување, допрва треба да видиме дали ова одложување на покачувањето на пензиите ќе остане како такво или не. Многу лесно е можно ако власта успее да ги убеди странските кредитори да ѝ дадат пари деновиве, покачувањето, сепак, да се случи од 1 септември и тоа особено ако на преговорите во Пржино за новите избори се донесе одлука тие да се одржат во ноември. Вотаков случај власта ќе сака пензионерите дотогаш да имаат веќе земено две-три покачени пензии за во поголем број да гласаат за владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ЗОШТО СТРАНЦИТЕ ЈА БАРААТ НАШАТА ЕВРООБВРЗНИЦА

Во однос на побарувачката, пак, еден од банкарите вели и дека побарувачката била добра, додавајќи и оти одложувањето „сигурно не се случило заради недостиг на интерес“ кај странските инвеститори. Друг, пак, вели дека нашиот долг е „евтин да се купи“ (значи за инвеститорите годишните приноси што ќе ги добиваат од македонската Влада се поволни во однос на парите што ќе ѝ ги дадат) и покрај тоа што нашиот долг „не е баш најлесен за продажба“, мислејќи тука на проблемите што ги имаат банките консултанти најмени од нашата влада заради правните потешкотии што произлегуваат од македонската политичка криза и на фактот што станува збор за земја во развој.

Ова е во склад со соопштението на Министерството за финансии по одложувањето на еврообврзницата:

Во финалната фаза на процесот се постигна огромен интерес на страната на инвеститорите и по обемот на средства и по условите за издавање на еврообврзницата.

И тука веднаш се поставува прашањето, зошто за нашиот долг би имало толкав голем интерес, кога се соочуваме со политичка криза, кога насред понудата се појавуваат проблеми од правна природа и кога заради сето тоа нашиот долг е „не е баш најлесен за продажба.“

Но, некои од овие моменти, иако на прв поглед можат да се чинат негативни, тие на актуелниов меѓународен долговен пазар, каков што е во моментов, се позитивни. Едноставно, нашиот долг е многу поволен заради високите камати кои ги нуди и кои не се добиваат така лесно од другите европски земји.

Прочитајте го ова пред да продолжите: Камати и приноси


Која е разликата меѓу каматите и приносите? Овде ќе објасниме наједноставно можно и тоа само за овој вид на обврзница која сега ја издава македонската власт. Значи, каматите се оној процент кој го плаќа должникот (Македонија) на кредиторот (странските банки, фондови..) за парите што ќе ни ги дадат. Таа се плаќа еднаш годишно (во нашиов случај), а, исто така, се нарекува и купон, зашто порано хартиените обврзници имале купони, кои се кинеле секоја година и му се предавале на должникот за да се добие каматата. Но, тоа сега сето тоа се врши електронски.

Приносите, пак, се парите што кредиторите ги заработуваат од должникот и тие се исти како и каматите во ситуација кога каматата е фиксна (како што е фиксна во нашиов случај) и не се менува цената на еврообврзницата, односно на хартијата од вредност која е гаранција за долгот.

Арно ама, со еврообврзниците се тргува и нивната цена постојано се менува. На пример, ако македонската Влада издаде долг/еврообврзница од 1000 евра со 4 отсто годишна камата (или купон), тогаш каматата изнесува 40 евра годишно. Ако цената на таа еврообврзница падне 20 отсто и таа сега вреди 800 долари, тогаш тие 40 евра камата за оној што ја купил нашата еврообврзница по таа цена изнесуваат принос од 5%, а не 4%. И обратно. Ако нашата еврообврзница поскапи од 1000 на 1200 евра, тогаш за оној кој ја купил за тие пари каматата од 40 евра изнесува само 3,33%.

Кога еврообврзниците растат, а кога паѓаат? За тоа може да има многу причини. Ако земјата има мал економски раст или ако економијата нема никаков раст, туку пад, нивната цена паѓа. Таа паѓа и ако има војна, ако драстично се намалат девизните резерви, ако се случи некоја природна катастрофа и слично. Во обратни ситуации нивната цена расте и приносите од нив паѓаат.

На пример, нашата еврообврзница од 270 милиони евра, која ја издадовме во ноември лани, имаше камата од 4,875%. Но, приносите на почетокот од оваа година се зголемија на 5-5,1%, што значи дека цената на нашата евробврзница паднала и затоа приносите пораснале. Но, сега приносите се 4,59%, што значи дека нејзината цена се зголемила и затоа приносите паднале.

Од ова се гледа дека приносите се обратно пропорционални на цената на чинење на еврообврзниците – барем во овој случај кога има фиксна камата и ако нема други променливи.


Според информациите од Лондон од минатата недела, каматата за нашата нова еврообврзница, пред да биде одложена, достигнала ниво од 5,5% со рок за наплата (доспевање) од 7 години. Но, сега веќе, според информациите на Ројтерс, новите понуди се на нивото од „високи 5%“, што значи нешто под 6, односно 5,8% до 5,9%. Ова, исто така значи и дека „меките“ необврзувачки понуди од минатата недела повеќе не важат и тие се коригирани нагоре. Едноставно, странските банкари и финансиери ја искористија шансата на име на одложувањето да ја кренат каматата за уште неколку десеттини од еден процент (или за 0,3% до 0,4%).

Кога ја издадовме минатата еврообврзница на 7 години (во 2014 на 500 милиони евра) каматата беше 3,98%, што значи дека таа сега бележи раст од 1,9% за две години. Ланската еврообврзница, пак, (пред 8 месеци – 270 милиони евра) имаше камата од 4,875% а беше со рок на доспевање од 5 години. Кога би била на 7 години и за неа сигурно каматата ќе беше над 5,1%, зашто каматите на хартиите од вредност со подолг рок на доспевање се повисоки. Причината за ваквиот раст на каматите од 1,9% во период од 2 години (ако каматата на новата еврообврзница биде 5,8% на крајот, какви што се најавите) е бездруго политичката криза. Странските банкари кои ни позајмуваат пари во своите калкулации го имаат пресметано и зголемениот политички ризик и нестабилноста со која се соочува земјава, а во последниве неколку месеци и намалениот проектиран раст на македонската економија, односно сите оние елементи кои влијаат врз влошувањето на состојбата во земјава.

Вакви високи камати нема никаде во развиените западни земји. Последен пат Германија има издадено еврообврзница со камата од 4,3% уште во 2009 година (насред светската рецесија) и тоа на 30 години, кога ние овде во земјава издадовме еврообврзница со камата од 9,9% и тоа со рок на доспевање од само 3 години.

Последна од земјите во нашиот регион, која искажа интерес за задолжување преку еврообврзници, беше Хрватска.Таа во март годинава, исто така, најми 4 банки консултанти со цел да издаде еврообврзница во износ од 1 милијарда евра, но брзо потоа се откажа. За земјата камата од 3,65% беше прескапа. Но, за нас овде во Македонија очигледно ни камати од 5,8%-5,9% не се превисоки.

Кога станува збор за приносите, пак, според последните информации од Лондон, во петокот, приносите на нашата еврообврзница на 270 милиони евра од лани со рок на доспевање од 5 години изнесувале 4,59%

Приносите на словенечките обврзници, од друга страна, веќе изнесуваат само 0,813%, а земјата има и обврзница за која приносите се уште пониски – 0,776% и тоа за еврообврзници со рок на досепавање од 10 години. Кога нивниот рок на доспевање би бил на 7 години, каква што е нашава, приносите би биле уште пониски.

Долнава табела покажува дека повисоки приноси од македонскитеобврзници носат само оние од финансиски проблематичниземји: Русија (санкции), Турција (повисокаинфлација), Грција (презадолжена) и Исланд (знае да не ги врати парите) – првата колона со бројки од лево. Сите други се со далеку пониски приноси. Плус, па што, нашата обврзница од лани е на 5 години, а овие од табелава се со рок на доспевање од 10 години. Кога и нашата би била со 10 години, приносите  би биле уште повисоки.

tab1

Извор: Trading Economics

Покрај ова, во оваа табела има и еврообврзници со негативни приноси – значи треба да плаќате за да ги чувате кај себе, односно треба да платите за на Швајцарија, на пример, да ѝ позајмите пари. И тоа не само Швајцарија. Таков е примерот со последната еврообврзница на Германија, која беше со негативни приноси од -0,2 отсто, приносите се негативни подолго време и во Јапонија (-0,225), а и заедничките обврзници што ги издава Европската централна банка, исто така се со негативна камата (-0,415). Причината за ова е законската регулатива во многу земји која ги тера некои институции како осигурителните компании, пензиските фондови и државните инвестициони фондови да чуваат кај себе државни еврообврзници без оглед на приносите, а нив ги користат и комерцијалните банки како средство за намалување на ризикот. И затоа во светот веќе има еврообврзници во износ од 12 билиони долари (12 илјади милијарди) со негативни приноси.

МНОГУ ЗАДОЛЖУВАЊА – И ВО ПАРИ И НА БРОЈ!

Она што загрижува во однос на задолжувањата, тоа е фактот што како држава станавме зависни од нив и тоа многу брзо. За две години се задолжуваме 3 пати и тоа со износ од вкупно 1,42 милијарди евра (ако сега се задолжиме со 650 милиони евра), што претставува дури 50 отсто од приходите на еден годишен македонски државен буџет, а состојбата не е ништо подобра ни кога станува збор за задолжувањето на домашен план. Долниот графикон покажува дека во 2008 година Владата кај домашните кредитори (пред сѐ, кај банките, осигурителните компании и пензиските фондови во земјава)  била задолжена нешто над 100 милиони евра, а лани на крајот на годината тој износ бил речиси 1,3 милијарди евра.

tab2

Ај тоа, туку и бројот на задолжувања е голем. Долната табела го покажува задолжувањето со домашни државни обврзници на земјите од Источна Европа (прва колона скроз лево) и од неа се гледа дека власта во земјава се задолжила 149 пати, што е трет најголем број задолжувања после две далеку поголеми држави какви што се Полска и Унгарија.

tab5

Извор: mybonds

Во Македонија на ваков начин, со обврзници, се задолжува само централната власт – на национално и на меѓународно ниво. Од друга страна, општините не се задолжуваат ни во земјава, ни во странство, а иста е состојбата и кај компаниите (затоа втората и третата, како и шестата и седмата колона во табелата во редот кај Македонија се празни). Иако можеби сумите со кои се задолжила Владата овие 149 пати (станува збор за задолжувања кои уште не се вратени) се пониски од оние во Полска и Унгарија, сепак, нивниот голем број покажува дека таа не може повеќе без ваквите чести и постојани задолжувања, кои сега се календарски редовни и се одржуваа секоја недела.

ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА 7 ГОДИНИ ИЛИ НА 10 ГОДИНИ

Сега веќе знаеме дека министерството за финансии решило да се задолжи на 7 години, а не на 10, на колку што максимум можеше тоа да го стори според одлуката на Владата. Парите што ќе требаше да се платат на име на камата во период од 10 години на нашите финансиери им се виделе премногу, па решиле да ги намалат со тоа што периодот на достасување е намален на 7 години. „Ројтерс“ пишува дека разликата во каматата меѓу минатогодишната обврзница од 5 години и оваа од 7 години е 0,2%, а разликата меѓу задолжувањето на 7 и 10 години би изнесувала околу 0,3%. Со ова власта ќе заштеди 19,5 милиони евра по овој основ во период од 10 години, плус тоа што три години нема треба да ја плаќа и каматата од 5,9% (ако на крај испаден толку), односно 115,05 милиони евра или вкупно 134,55 милиони евра. Ова е заштедата меѓу издавањето на еврообврзницата на 7 и 10 години. Но, од друга страна, пак, со издавање на оваа еврообврзница на 7 години ни доспеваат за наплата дури 3 еврообврзници во период од само 4 години во вкупен износ од дури 1,42 милијарди евра:

  • 270 милиони евра – достасува2020 (издадена 2015)
  • 500 милиони евра – достасува2021 (издадена 2014)
  • 650 милиони евра – достасува2023 (издадена 2016)

Ова е многу лошо. Се разбира дека нема шанси овие пари да ги вратиме и дека ќе мораме да ги рефинансираме со нови еврообврзници. Но, прашање е дали тогаш условите на светските пазари на капитал ќе бидат поволни. Можно е да има нова европска или глобална рецесија (рецесиите во капитализмот се циклични) или, пак, македонска национална економска криза во тој период од 4 години (како што беше во периодот 2009-2012 година) и каматите да бидат далеку повисоки, па дури и да нема капитал на пазарот. Со оглед на ова, задолжувањето на 10 години, иако поскапо, делува посигурно. Освен ако власта не мисли наскоро повторно да нѐ задолжи на светските пазари на капитал на 10 или 15 години, како што тоа веќе го прави на домашен план.

И на крај еден куриозитет. Се сеќавате дека во 2014 година, по тогашните парламентарни избори, власта понуди уставни амандмани според кои јавниот долг не смееше да надмине 60 отсто од бруто домашниот производ (БДП – вредноста на сите стоки и услуги обезбедени во период од една година во една земја), а буџетскиот дефицит 3% од БДП (буџетски дефицит е разликата на заработеното и потрошеното во националниот буџет)? Ваквите уставни амандмани требаше да почнат да важат од 2017 година. Сигурно власта сега е среќна што таквиот уставен амандман не помина зашто сега ќе имаше проблем. Имено, според изјавите на власта, оваа еврообврзница е предвидена за покривање на буџетскиот дефицит за две буџетски години, што значи дека и идната година, како и оваа, како и изминатите 4 години, впрочем, власта има намера повторно буџетскиот дефицит да го тера над 3%, односно да продолжи да си троши како и досега, како што покажува долниов графикон.

tab4

Уставните амандмани од пред 2 години, со оглед на актуелнава политичка криза и „трошаџиските“ апетити на власта во период на перманентна кампања и непознат датум на избори се одамна заборавени.

 

 

 

 

 

 

долгови еврообврзница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.