Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ до Џафери: Закажете ја седницата за распуштање на Собранието

0
By Нова ТВ on February 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара од парламентарниот спикер, Талат Џафери да закаже пленарна седница со единствена точка на дневен ред – распуштање на Собранието, согласно со договорот што беше постигнат од политичките партии за одржување предвремени парламентарни избори на 12 април оваа година.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе поднесе Предлог на Одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија на 5 февруари и бараме денеска да биде ставена на одлучување пред пратениците. Одлуката беше поднесена поради се поочигледните обиди на СДСМ да се обиде да избега од договорените избори иако сите услови за одржување на предвремени парламентарни избори се исполнети. Од друга страна, сведоци сме на обиди од страна на СДСМ и Зоран Заев да поставуваат некакви нови услови кои што не се воопшто поврзани со одржувањето на изборите“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Сакаме да го потсетиме господинот Талат Џафери, дополни Мицевски, дека токму тој кажа дека Собранието мора да се распушти на 12 февруари со што би се испочитувале роковите предвидени со законот и Уставот.

„Џафери беше дециден во своите изјави и напомена дека дури ако треба и тој како пратеник ќе поднесе предлог за распуштање на Собранието на 12 февруари. Еве денес, на 12 февруари единствено што бараме е да остане доследен на своите изјави, да закаже седница на Собранието да ја ставиме предлог одлуката за распуштање која што ја поднесовме. Во спротивност ќе и биде јасно на целокупната македонска јавност дека ова парламентарно мнозинство манипулира со граѓаните и дека се обидува да избега од договорот кој што беше постигнат од политичките партии“, наведе Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски седница Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.