НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ до судиите: Секој ќе одговара за своите постапки

2
By Нова ТВ on March 16, 2017 ПОЛИТИКА
Фото: ПлусИнфо
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Соопштенито на ВМРО-ДПМНЕ, во кое ги предупредува судиите дека ако ја потврдат мерката притвор за Кочан, ќе сносат одговорност доаѓа во време кога Апелацсикиот суд треба да донесе одлука за притворот по вчерашната јавна седница

ВМРО-ДПМНЕ во период кога се очекува одлуката на Апелацискиот суд дали ќе го потврди или поништи притворот за бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“, преку соопштение ги предупреди судиите, дека ако го потврдат притворот за ќе сносат одговорност и дека нивната партија нема да остане без реакција.

„Нема да останеме рамнодушни на политика на СДСМ која како поразена на изборите не дошла на власт, но преку СЈО каде е на власт од првиот ден на неговото формирање, веќе практикува крајно недемократско владеење, загушување на медиумските слободи, кршење на законите и погазување на демократијата. ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува судиите, независно дали се под притисок на СДСМ, или пак од било која причина сакаат да го задоволат Зоран Заев и неговиот сценарист, дека треба да работат согласно законот и Уставот и дека не смеат да се претворат во политичка алатка на СДСМ и СЈО. Секое незаконско работење ќе подлежи на одговорност, и секој во оваа држава треба да е еднаков пред законите, вклучително и судиите. Евентуалното подлегнување на притисок или влијание врз судот во случајот со сопственикот на овој медиум нема да остане без реакција на ВМРО-ДПМНЕ.“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека ако судиите подлегнат на притисокот и на политичките влијанија од СДСМ се додека притворот за Кочан трае, ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест ќе ги преземе сите расположливи политички и демократски мерки и чекори во правец на спречување на недемократско однесување на СДСМ која е на власт во СЈО и целосно управува со него и го контролира.

„Незаконското одредување притвор под притисок на СЈО, СДСМ и Заев, на сопственикот на овој медиум дополнително и многу сериозно ќе ја продлабочи политичката криза во земјата. Оваа постапка има три јасни цели: прво притисок и по можност згаснување на ТВ НОВА, второ, испраќање порака и заплашување до сите медиуми кои не мислат како аболираниот криминалец Зоран Заев и неговите сценаристи, дека ако не ја сменат уредувачката политика по желба на Заев, СЈО и нивните сценаристи дека ќе се соочат со политички прогон, притвори и други чекори кои не се засновани на закон и владеење на правото, откако претходно ќе биде извршено влијание врз судиите и трета цел заплашување на припадниците на етничките заедници кои не се согласуваат со политиките на Зоран Заев и со прифаќањето на Тиранската Платформа која значи губење на мултиетничкиот карактер на државата и градење на бинационална држава“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека уредувачката политика на ТВ НОВА многупати не е по вкус на нивната партија.

Вчера на јавна седница во Апелацискиот суд се расправаше по жалбата на одбраната на Кочан за притворот кој на бизнисменот му го одреди Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Одлуката треба да биде објавена денеска.

Инаку, Кочан е првоосмничен во случајот „Труст“ на СЈО и се товари за злоупотреба на службената положба во 2012 година кога бил управител на „Трансмет ДОО“ и со лажни документи добил тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Мерката притвор му беше одредена минатиот четврток, а истиот ден неколку часа претходно на Кочан му се губи трагата и не е достапен за истражните органи. МВР по него распиша потерница, додека адвокатот Додевски тврди дека е на службен пат.

ВМРО-ДПМНЕ пртивор Сеад Кочан судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.