ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите да го истражат случајот со ЕВН, а СДСМ потоа да се извини, многу скоро ќе излезе дека луѓе блиски до нив терале бизниси со таа компанија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа институциите да го истражат секој денар кај него и неговото семејство, но кога ќе се утврди вистината, СДСМ да се извини јавно за грубите манипулации со кои ја труе јавноста, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Многу скоро ќе излезе дека всушност лица блиски до СДСМ работеле со таа компанија.

А целиот дефокус кој го прави власта и грубите манипулации се со цел да ја покријат безидејноста како понатаму, но и ситуацијата во која западнаа да ја држат власта без мнозинство во собранието.

Наместо да читаат празни пресови без суштина. Заев да си замине и да одиме на брзи избори. Државата и граѓаните чекаат работа, а не лаги и манипулации како што тоа прави СДСМ сега.