Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ и денес со прес – конференција за наводниот криминал, УЈП и Русковска велат дека се води предистрага

0
By Соња Крамарска on May 13, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска одржа прес-конференција, на која портпаролот Димче Арсовски ги повика, како што рече, МВР и Јавното обвинителство, да не молчат туку да излезат во јавност со информации за малверзации околу поврат на ДДВ.

Наводните сознанија вчера ги обелодени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој рече дека вработени во УЈП  давале искази во полицијата за наводни финансиски малверзации околу повраток на ДДВ со што биле испумпани 20-30 милиони евра. Мицкоски притоа ги повика МВР и Обвинителството да го спроведат законот и да излезат со детали, во спротивно ВМРО ДПМНЕ ќе го направат тоа.

,,Затоа е многу важно дали МВР ќе излезе со детали и ќе го спроведува законот заедно со Обвинителството за организиран криминал или ние тоа ќе го направиме, ќе го обелодениме во јавноста, и тоа во детали со имиња и со точни фирми, кои се дел од ова би рекол злосторничка здружина“, изјави Христијан Мицкоски претседател на ВМРО ДПМНЕ.

УЈП на тоа реагираше со соопштение во кое наведе дека лани во јули ги известиле истражните органи дека постојат сомнежи во врска со некои даночни обврзници, но дека во ниту еден момент не била загрозена државната каса, ниту пак парите на граѓаните.

„Во интерес на предистражната постапка на Јавното Обвинителство, информираме дека сите потребни материјали и податоци од страна на УЈП се доставени до институциите и дека се преземени сите потребни мерки во насока на заштита на државната каса“, се вели во соопштението на УЈП.

НОВА се обрати за коментар и до главната обвинителка за борба со организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која ни рече дека во врска со ова се води повеќемесечна предистражна постапка, по примено известување од УЈП. Во изјава за НОВА таа ги повикува граѓаните за сите сознанија да се обратат до надлежните институции.

„Нема потреба од собирање на евтини  политички поени. Ако некој има сознанија за сторено кривично дело должен е истото да го пријави во надлежните институции“, ни изјави Русковска.

Со реакција се јавија и од СДСМ. Тие го обвинија Мицкоски дека загрозува постапки на надлежните институции.

Вилма Русковска ВМРО-ДПМНЕ поврат на ДДВ УЈП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.