Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ Илинден ќе го чествува со сопствена програма

0
By Mirjana on August 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 2, 2021 09:24

Делегација на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ предводена од потпретседателот Александар Николовски, денеска околу 13 часот ќе положи цвеќе на Мечкин Камен во Крушево а ќе го посети и гробот на претседателот на првата Република на Балканот-Крушевската Никола Карев во Македониумот. Како дел од оддавањето почест на жртвите од Илинденското Востание, ќе биде положено цвеќе и во месноста Слива над  Крушево. Партискиот претседател Христијан Мицкоски ќе ја предводи делегацијата на одбележување на Илинден во струшкото село Ташмаруништа.

ВМРО ДПМНЕ нема да биде дел од државната манифестација на Мечкин Камен организирана од Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски која почнува во 18 часот. Од партијата велат дека со тоа што Пендаровски немало да одржи говор на Мечкин Камен ја сквернави историјата и значењето на Илинден и АСНОМ за она што е Македонија денес а манифестацијата Мицкоски ја нарече ,,циркуски церемонијал“.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ во сресрет на празникот се огласи и преку статус на фејсбук во кој му порача на шефот на државата дека политичар кој се плашел од својот народ требало веднаш да се спакува и да ја напушти политиката.

– Жалам што поради сопствениот страв од соочување со народот, големата лична суета и елитизмот сакате да обезличите настан кој не е на политичарите, туку тоа е настан на народот. Народот кој се борел за Македонија, кој се бори и ќе продолжи да се бори. Вие еден ден нема да бидете Претседател и ќе заминете, ќе Ве паметат по тоа што ќе оставите позади Вас, но ќе Ве запаметат и по оваа кукавичка одлука да му го одземете на народот чествувањето на жртвата на Илинденците, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Од кабинетот на претседателот Пендаровски реагираа со соопштение во кое се наведува дека претседателот е крајно непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски, според која, чествување на најголемиот македонски празник – Илинден, во Крушево ќе биде „циркуски церемонијал“.

– Не се памети, години наназад дека некој наш политичар искажал толку длабоко непочитување кон најголемите херои, креативци и артисти на македонскиот народ и македонските граѓани, со целосно потценување на фактот дека државна делегација на чело со претседателот Пендаровски ќе положи венец и свежи цвеќиња на гробот на првиот претседател на Крушевската република, Никола Карев, на паметникот на хероите на Слива и на самиот Мечкин Камен, а ќе биде присутен и на Панихидата во чест на хероите и нивното дело во црквата „Св. Никола“. Меѓутоа, имајќи го во предвид фактот дека според Мицкоски чествувањето на Илинден во Крушево на 2 Август ќе биде „циркуски церемонијал“, тогаш не изненадува неговата одлука најголемиот македонски празник да го чествува во Ташмаруништа, наместо во Крушево, забележаат од претседателскиот Кабинет.

 

ВМРО ДПМНЕ Илинден чествување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.