ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери поради, како што се наведува во нивното соопштение, „свесно кршење на Уставот и законите“.
Од опозициската партија апелираат до надлежните власти и институции да реагираат и да го осудат ваквиот чекор.
ВМРО-ДПМНЕ го најави ова по два дена, откако претседателот на Собранието Џафери се обрати на албански јазик пред Комитетот за надворешна политика на ЕП.
Интерпелација за Џафери денеска најави Левица, а поддршка доби и од ВМРО-ДПМНЕ.