Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: На Жерновски му преостанува само да манипулира

0
By Нова ТВ on August 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 16, 2016 17:13

VMROOOO

На Жерновски му преостанува само она што единствено го знае, да плука, навредува и манипулира, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска градоначалникот на општина Центар изјави дека доствил докази до Специјалното обвинителство дека зад демолирањето на општината стојат луѓе блиски до власта.

-Мераклиите за земање мито и рекет преку хаусмајстори и возачи може да се престават за се, освен за чесни луѓе. Најнеспособниот градоначалник во Македонија, во изминатите години наместо од работа и проекти политички опстојува од манипулации, лаги и политички флоскули. Кога беше претседател на партија не се одлучи сам со својата партија да излезе на избори бидејќи знаеше што го чека од граѓаните, па мораше да се врати во позицијата привезок на СДСМ.

Одамна е прочитан овој  евтин интригант кој денес откако е сменет од претседател на неговата партија, од неговите членови тој е и целосно партиски маргинализиран.  Му преостана само она што единствено го знае да плука, навредува и манипулира, се вели во партиската реакција.

Првиот човек ан општина Центар Андреј Жерновски денеска по речиси три часа распит во Специјалното обвинителство изјави дека  на обвинителите им приложил јасни докази дека во протестите учествувале луѓе блиски до владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Од она што го приложивме како доказни материјали има многу јасен доказ дека во сите оние насилни протести учествуваа луѓе кои се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, кои се членови регрутирани од јавните претпријатија. Имаше повреден советник, имаше причинета голема материјална штета, меѓутоа приложивме и фотографии за тоа како оние што масовно протестираа се заедно фотографирани и со Груевски, и со Јанкуловска и со претседателот Иванов, рече Жерновски.

Освен градоначалникот, на распит во СЈО се повикани и вработени во општината, за што практично СЈО најави преку соопштение дека во иднина во обвинителството ќе има „зголемена фреквенција на луѓе“.

По распитот, Жерновски упати директна порака до екс премиерот и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, дека наскоро ќе има шанса со него да се пресмета со него на суд.

-Јас навистина не знам каков боксер си бил ти, но дознав дека никогаш не си учествувал на некој боксерски меч. Затоа, бидејќи повеќе од очигледно е дека наскоро ќе имаме можност да се видиме во судница, а ти секогаш си праќал друг во боксерскиот ринг наместо сам да учествуваш, ќе имаме можност директно да се спротивставиш, да видиме колку си храбар, бидејќи повеќе од очигледно е дека имаме нерасчистени сметки, вели Жерновски.

Демолирањето на општина Центар се случи во јуни 2013, кога напаѓачите на општина Центар протестираа против, како што тврдеа, обидите на Жерновски да ја спречи изградбата на црква на плоштадот.
Демонстрациите беа насилни и завршија со демолирање на општинските простoрии. Зад протестите застана неформалното здружение „Веритас“.

Од нападот постоеја бројни видео снимки каде се гледаат лицата на луѓето кои ги демолираа просториите на општината. Полицијата никогаш никого не приведе за демолирањето на општината, а прозивки да си ја заврши таа работа доби дури и во Извештајот за напредок од 2014 година. По две ипол години, МВР објави дека истрагата за нападот е завршена и предметот е предаден во Обвинителство, но до денеска Обвинителството нема отворена никаква постапка за овој случај.

Демолирањето на општинските бараки се споменува и во една од бомбите кои ги објави опозицијата, според која, тогашниот премиер Никола Груевски, во разговор со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, нарачува и договара протест пред општина Центар во наводна одбрана за рушењето на новата црква, при што дел од донесените граѓани треба да влезат во салата на Советот и, пред сите советници и медиуми, да му “врзат три-четири јаки шамари” на тукушто избраниот градоначалник на општина Центар.

Жерновски вели дека за време на протестите, кога течеше и седница на општината, тој бил провоциран да излезе од седницата, по што имало физички контакт со демонстрантите, но не се оствариле „нарачаните шамари“.

ВМРО-ДПМНЕ Жерновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.