Партијата ВМРО-ДПМНЕ информира дека не стои зад утрешните протести пред канцелариите на Европската Унија во Скопје по повод „одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата“.
„Го почитуваме демократското, уставно загарантирано право на протест. Секој може да одлучи да организира или да учествува во кои било протести. Во однос на протестите најавени за утре, не сме организатори, ниту пак, стоиме зад нив. Кога партијата ќе организира протести ќе ја информира јавноста и ќе ги повика граѓаните на масовност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Протестот е најавен за утре во 18 часот пред седиштето на ЕУ а маршот ќе се одвива по булевар „Свети Климент Охридски“ и булевар „Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија.
Таму свои обраќања ќе имаат по еден претставник од македонските заедници во Германија, Франција, Италија и Швајцарија, Сотир Костов, Виолета Ачковска, Тодор Петров и Агатангел.