ВМРО-ДПМНЕ вечерва испрати соопштение до јавноста во кое ги наведе темите за кои разговарале заменик помошникот државен секретар на САД Хојт Брајан Ји и претседателот на партијата Никола Груевски. Во соопштението пишува дека Груевски посочил оти партијата била насочена и посветена кон изнаоѓање на решенија кои се во насока на почитување на волјата на граѓаните и во функција на надминување на актуелната политичка криза и креирање на услови за напредок.

Како што соопшти ВМРО ДПМНЕ тема на разговорите биле реформи за унапредување на состојбите во различните сфери кои се поврзани со интеграцијата во НАТО и ЕУ. Груевски истакнал дека приоритет на партијата се и развојот на економијата, отворањето на нови работни места и заштита и унапредување на животниот стандард.

Од владеачката партија не соопштија ни збор за аболицијата и изборите.