Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ: Одлуката за укинување на референдумите е недемократска

0
By Нова ТВ on September 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 22, 2017 18:01

ВМРО ДПМНЕ смета дека одлуката на Државниот инспекторат за локална самоуправа да ги укине решенијата за одржување референдум против мигранти во 12 општини е крајно недемократска и скандалозна одлука со која се спречува одржување на референдуми и со тоа ја попречува демократијата во државата.

-Државниот инспекторат за локална самоуправа е институција под контрола на Зоран Заев која очигледно по диктат мора да го блокира и оневозможува одржувањето на локалните референдуми за градењето на мигрантски населби и кампови кои ги планира владата согласно акцискиот план и стратегијата која ја донесоа, се вели во соопштението.

Според оваа партија, референдумот е граѓанско и пред се уставно загарантирано право кое како што се вели „Заев со петни жили се обидува да им го оспори“.

-Одржувањето на референдуми во неколку општини во ист ден со локалните избори е единственото логично и рационално решение, бидејќи на тој начин се намалуваат трошоците за одржување и нема ништо спорно во таа одлука на општинските совети, се вели во соопштението.

Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека Уставниот суд „мора веднаш да го отфрли ова решение на државниот инспекторат, водејна ќи се согласно Уставот на Република Македонија“.

-Никој не смее да им забранува на граѓаните да се произнесат за ова крупно општествено прашање во ист трошок со локалните избори. Стравот на СДС не смее да биде пречка, велат од партијата.

Државниот инспекторат денеска донесе одлука да ги запре решенијата за организирање локални референдуми во општините за мигрантите на денот на локалните избори, 15 октомври, и да поведе постапка пред Уставниот суд за утврдување на законитоста.

Како што информира државниот инспектор за локална самоуправа Рахим Муслиу, решение досега е донесено за 12 општини кои доставиле до Инспекторатот  извештај од јавното општинско гласило во кој е објавен референдум, а се очекува да бидат доставени уште две.

ВМРО-ДПМНЕ Државен инспекторат за локална самоуправа референдуми за мигранти укинување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.