Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ поднесе до Собранието измени на Законот за служба во Армијата

0
By Соња Крамарска on April 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес до Собранието поднесе измени на Законот за служба во Армијата. „Предлагаме подобрување на условите за пензионирање на активниот воен персонал и давање на можност на активниот воен ицивилен персонал во Армијата да му престане работниот однос по сила на закон со остварување на право на пензија со навршување на 40 години стаж без оглед на годините на возраст за мажи, и 38 години стаж за жени“, рече пратеникот Драган Ковачки, армиски полковник кому поради пратеничката функција му мирува работното место во Армијата.

Ковачки дополни и дека измените предвидуваат и корекција на висината на пензијата и на воениот и на цивилниот персонал кој отишол во пензија и пред да се усвојат предложените измени.

ВМРО-ДПМНЕ предлага и измени во надлежностите на министерот за одбрана односно бараат да се вратат надлежностите на началникот на Генералштабот да поставува високи офицери на служба во Армијата, со што како што тврдат ќе се придонесе за „департизација и за професионализација на Армијата“.

Со овие предлог-измени, вели Ковачки, ќе се регулира статусот на професионалните војници на кои службата во Армијата им престанува поради навршување на 45 години возраст, на начин што на истите им се даваат две опции: да засноваат работен однос на неопределено време без објавување на јавен оглас, со превземање во органите на државната и локалната власт или право на отпремнина, односно еднократен надоместок во износ од 1000 евра во денарска противвредност, за секоја година помината во служба во Армијата.

армија ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.