Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе на Мечкин Камен ден пред прославата

0
By Нова ТВ on August 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 1, 2017 15:33

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ денеска, ден пред прославата на Илинден, положи цвеќе пред споменикот на Мечкин Камен. Делегацијата беше во состав Христијан Мицкоски, генерален секретар, и Антонијо Милошоски, Диана Транталоска и Златко Перински, членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски изјави дека во име на партијата на граѓаните им го честита најголемиот слободарски празник Илинден и во тој спомен денеска дошле да положат букет пред споменикот на паднатите херои на Мечкин Камен.

Тој рече дека тоа го направиле денес од неколку причини.

„Прво затоа што сметаме дека овој Илинден е премногу важен, за на истиот да дадеме легитимитет за нелегално избрани функционери. Второ, затоа што имаме огромна чест како партија, која што ги полага своите корени на историското ВМРО, како современа генерација да им одадеме почит на паднатите жртви за Крушевската Република, која што е темел на современа Република Македонија. И трето, ги повикуваме повторно сите наши членови, симпатизер и граѓани кои сметаат дека оваа порака е соодветна да се воздржат од давање на легитимитет на прослави организирани од владата на СДС и ДУИ, затоа што цениме дека можно е со такви некои одлуки кои што го иритираат народот, како одлуката на господинот Џафери да се обрати тука на Мечкин Камен, да се создадат некои услови или некој да смислил некои намерни инциденти кои што можат да ја нарушат честа и достоинството на Илинден, како еден голем македонски слободарски празник“, изјави Милошоски.

Антонијо Милошоски ВМРО-ДПМНЕ Илинден Мечкин Камен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.