Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение повторно побара ослободување од притвор на сите обвинети за насилството во собранието на 27 април и најави дека попладне  ќе организира протест пред истражниот затвор во Шуто Оризари.

-Македонија е единствената земја каде се врши политички прогон на неистомисленици и апсење на пратеници. Власта ги крши основните човекови права и монтира обвиненија за тероризам против 36 македонски патриоти само затоа што си ја сакаат државата. Судовите и државните институции се целосно заробени и наместо по закон дејствуваат единствено по налог на Зоран Заев, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.