Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ предлага да се зголемат пензиите за 20% од април годинава

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесе Предлог закон за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка со кој се предвидува зголемување на пензиите за 20%, од месец април 2022 година.

– Имајќи ја во предвид појавата на пораст на цените на одделни производи и
електричната енергија кои се од витално значење за пензионерите како потребата од подобрување на животниот стандарт, сметаме дека треба да се обезбеди зголемување на старосната пензија, но и на сите останати видови пензии. Секој пензионер има право да живее пристојно, со доволно средства да ги подмири основните трошоци за храна, греење, лекови и т.н. Со растот на минималната плата, соодветно е да растат и пензиите, со цел обезбедување на рамноправност и еднаквост на пензионерите со останатите граѓани, рече Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека, пратениците имаат генерациска должност да се грижат и да ги почитуваат повозрасните граѓани кои во еден период допринесувале за државата со својот труд, за што треба да им бидеме благодарни.

– Доколку не постои зголемување на пензиите, пензионерите ќе
бидат доведени до раб на сиромаштија поради неможност да ги подмират основните животни трошоци. Цениме дека со предложеното законско решение ќе се подобри социјалната положба на корисниците на пензија во 2022 година со порастот на сите видови на пензија за 20%. Преку ова форма на усогласување ќе се зачува реалната вредност на пензиите и се заштитува стандардот на пензионерите. Апелираме до парламентарното мнозинство да го поддржи овој предлог закон и заедно како што се обединивме околу зголемување на минималната плата, да и помогнеме и на оваа категорија на граѓани на кои оваа помош им е неопходна за еден нормален живот, рече Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ пензии пратеници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.