ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека денеска ќе продолжи со блокирање на крстосници во периодот од 15 до 17 часот.

Членови на партијата и симпатизери ќе ја блокираат крстосницата кај Мавровка, крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош и крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Потоа во 18 часот најголемата опозициска партија ќе продолжи со протест пред Министерството за правда.

Ваквите активности на ВМРО-ДПМНЕ траат веќе две недели како знак на револт против одлуката да се приведат и да им се даде притвор на учесниците во насилствата кои се случија на 27.април во Собранието.

Помеѓу нив и досегашни пратеници. Петмина од ВМРО-ДПМНЕ и еден од партијата на Љубисав Иванов-Ѕинго на кои колегите во Собрание им го симнаа имунитетот.