Опозициската ВМРО ДПМНЕ смета дека приведувањето на екс градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски е нарачан политички прогон и смета дека на овој начин „СДСМ ги злоупотребува институциите за политичка пресметка со неистомислениците, во обид јавноста да биде исплашена и да не бара одговорност за секојдневните скандали“.

-Државата се урнисува и на економски и на политички план. Сведоци сме на невиден грабеж и злоупотреба на државните ресурси кои се покриваат со нарачани конструирани случаи, се вели во партиското соопштение.