Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ вечерва носи одлука дали ќе се врати во Собранието

0
By Нова ТВ on April 1, 2018 ПОЛИТИКА
Фото. РСЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерва најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ ќе одржи седница на Извршниот комитет, а веднаш потоа и седница на Централниот Комитет на кои ќе се одлучува дали пратениците на партијата ќе се вратат во работата на Собранието.Партиски извори за НОВА не сакаа да прогнозираа каков ќе биде исходот од седницата, бидејќи како што велат има аргументи и „за“ и „против“ одлуката да се вратат во Парламентот.

Во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски вели дека ако донесат одлука да се вратат во Собранието, веднаш ќе поднесат интерпелација за работењето на Владата.

„Ако се врати во Собранието, ВМРО ДПМНЕ ќе се врати на голема врата. Доколку одлучи да се врати, првиот момент што ќе го направи е ќе поднесе интерпелација за работењето на Владата, каде што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги образложат сите оние злоупотреби и грешки што оваа владејачко мнозинство во изминатите десет месеци и ги нанесе на нашата татковина, а ќе можеме да видиме како владејачкото мнозинство ќе одговори на тие прозивки“ вели Мицкоски.

Тој повторува дека за нивното враќање во Собранието има два услова – математички и политички.

„Политичкиот услов, можам да кажам, очекувам многу брзо да биде надминат, да бидат исполнети нашите барања, коишто одат во паралелна насока заедно со преговорите во однос на реформските закони, кои се многу важни за иднината на оваа држава, бидејќи нас не интересира иднината и реформите во оваа држава.Ние имаме сопствени барања и тој документ ќе биде наскоро презентиран пред јавноста. Вториот услов е математички, којшто можеме да кажеме еве во најголема мерка е исполнет, иако бевме сведоци на злоупотреба на мерката притвор. Пет лица беа ослободени 24 часа,за потоа повторно на груб начин да бидат вратени во затвор“ вели Мицкоски.

 

За 27 април кога се случи упадот во Собранието, Мицкоски вели дека тогаш бил пред Собранието, но не влегол внатре.

„Во тој период бев член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и директор на  ЕЛЕМ –  кога видов што се случува се упатив таму и останав надвор пред Собранието,не влегов внатре и останав со народот. Потоа се вратив на работа, па во седиштето на партијата,, вели Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ  ја напушти работата на Собранието на почетокот на декември, кога беа приведени шест нивни пратеници за настаните од 27 април.

 

ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.