Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ vs. СДСМ-Панорамско тркало или забрана за објекти во Вардар

0
By Нова ТВ on September 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако парите од Панорамското тркало се пренаменија за инфраструктурни објекти за заштита од поплава, оваа катастрофа во скопските села немаше да се случи, обвини на денешната прес-конференција потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

-Ќе изградиме ефикасен систем за одбрана на Скопје од големи води. Ќе ги уредиме сливните подрачја, ќе ги исчистиме речните корита и каналскиот систем. Ќе го заштитиме Скопје од порои.Ќе ја санираме скопската обиколница, за да не ги поплавува куќите на жителите од Стајковци и другите населени места.Ќе изградиме системи за атмосферска и фекална канализација кои ќе ги намалат ризиците од поплава. Процентот на рурални населени места покриени со атмосферска канализација од сегашните 18% ќе го подигнеме на 40%. Ќе го заштитиме Стајковско езеро од излевање, рече тој.

На заедничката прес-конференција со Манчевски, дополнителниот заменик-министер Љупчо Николовски најави воведување забрана за изградба на објекти во коритото на „Вардар“ и другите реки во Македонија.

-Нема да дозволиме „Галии“ и други пиратски градби кои го зголемуваат ризикот од поплави.Ќе изградиме современ хидрометеоролошки систем за рано предупредување, за граѓаните во цела Македонија мора да бидат навремено информирани кога има ризик од поплава.Ќе изградиме нови системи за наводнување и одводнување во сите подрачја со најголем ризик од поплава.

Годишно ќе инвестираме 10 милиони евра во вакви системи. Ќе извршиме вистинско пошумување на соголената Скопска Црна Гора и другите ризични планини, наместо да се сликаме за Денот на дрвото, вети Николовски.

Од владејачката партија реагираат. За нив ноторна лага е дека СДСМ е заинтересиран за чистење на одводните канали и безбедноста на граѓаните и нивниот имот.

-Зошто СДСМ со години е против субвенциите за чистење на одводните канали во Гази баба? Зошто СДСМ молчи за проектирањето на обиколница? Зошто СДСМ го ликвидираше Водостопанство во 2005 година, со што предизвика повеќегодишна неможност да се одржуваат и чистат каналите?

Колку километри атмосферска канализација направи нивниот градоначалник во Куманово? Колку километри атмосферска канализација во Струмица по методот „евро за вицето“ направил аболицираниот криминалец Заев? Колку километри атмосферска канализација во Центар направил Жерновски?, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ Панорамско тркало поплава СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.