До 18 часот, на еден час до затворање на гласачките места, на вонредните избори за претседател на СДСМ гласале 40.220 членови, односно 78,5 отсто од активно регистрираните гласачи.
Гласањето тече мирно и демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини, нагласуваат од владеачката партија.
Членовите на СДСМ денеска избираат меѓу Димитар Ковачевски, Фрсина Ременски и Јован Деспотовски за претседател на партијата по оставката што најави досегашниот лидер Зоран Заев по поразот на локалните избори.
По затворањето на гласачките места во 19 часот и по обработка на податоците, Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.